Ацо Пејовиќ ја славеше дипломата на неговата ќерка: Пејачот ја поканил половина естрада! (ВИДЕО)

Било весело...

Познатиот српски пејач Ацо Пејовиќ овие денови има причина за славење. Неговата ќерка Марија дипломирала на Медицинскиот факултет, поради што гордиот татко направил во нејзина чест забава за паметење.

Пола естрада вчеравечер се собрала во еден белградски ресторан, каде се забавувале до доцните часови.

Познато е дека Пејовиќ сака да ги обележи важните моменти на своите ќерки и да ги награди онака како што доликува за секој нивни успех.

Пред четири години пејачот направи гала забава за највозрасната наследничка Магдалена кога дипломираша, а сега редот дошло истото да го направи и за Марија. Поводот е завршениот Медицински факултет.

На големата прослава која вчера се случила во Белград, покрај семејството и пријателите, присуствувало и голем број на јавни личности.

Најемотивниот момент на вечерта сигурно бил кога сопругата и ќерките застанале пред Ацо додока го пеел неговиот голем хит „Све ти дугујем“.

Атмосферата се вжештила кога пееле Сања Вучиќ, Саша Матиќ и Александра Пријовиќ, додека Ацо Софронијевиќ свирел на хармоника.

Погледнете:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.