Водич за слабеење – за сите жени кои немаат време!

Или за оние кои се едноставно мрзливи...

Целосно го разбираме фактот дека не сите се љубители на фитнес и теретана. Понекогаш е полесно да пешачите наместо да се испотите во теретана и да вежбате, особено кога работна недела ви е многу напорна. Добрата работа е тоа што можете да согорите калории и да изгубите тежина без драстично да го промените вашиот животен стил. Дознајте како…

1. Гответе однапред

Според нутриционистот Лиса Московиќ, да се најде енергија за готвење по долг и исцрпувачки ден е навистина голема битка. Наместо тоа, таа препорачува да одвоите еден ден во неделата (за викенд, кога не работите) за да ги подготвите оброците однапред. Кога ќе ги подготвите, веднаш ставете ги во замрзнувач или фрижидер, па ќе ви требаат само неколку минути за да подготвите комплетен ручек.

2. Секогаш чувајте здрави грицки на масата

Повеќето од нас имаат навика да грицкаат помеѓу ручекот и вечерата, особено кога сме „заглавени“ на бирото пред компјутерот. Бидејќи обработената храна, полна со празни калории, е секогаш наоколу, тешко е да и одолеете. Наместо да се борите со желбата за оваа храна, секогаш оставајте здрави закуски на масата како овес, житарки, свежо овошје, кикиритки, бадеми итн.

3. Движете се

Ако вашата работа бара да седите поголем дел од денот, искористете го тоа време паметно. Наместо да бидете неподвижни, користете помали паузи за вежбање на нозете. Истегнете ја едната нога (додека седите) и подигнете ја 15 пати, притоа истовремено собирајќи ги стомачните и квадрицепсите, а потоа повторете го истото со другата нога. Не заборавајте да станувате од време на време и да прошетате накратко, дури и до соседната маса каде што седи вашиот колега.

4. Пијте многу вода

Веројатно веќе знаете дека треба да пиете многу вода во текот на денот, но нема да ви здодееме со тоа. Доволно е да испиете голема чаша вода пред оброк и сигурно ќе внесете помалку калории.

5. Јадете колку што е можно повеќе протеини

Лебот наутро заменете го со порција јајца и риба. Овој вид на храна е богата со железо, витамин Д, омега 3 масти и многу амино киселини. На овој начин ќе поттикнете побрз и подобар метаболизам.

6. Одвојте 15 минути

Знаеме дека се класифицирате како некој што не може да вежба затоа што е мрзелив или нема време, но одвојувањето 15 минути двапати неделно е навистина мало. Обидете се да правите класични вежби или дури и вежби за истегнување и верувајте ни, ќе се чувствувате подобро!

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.