Вирусот не се шири преку допирање на површини – Научник од Германија ги изнел своите теории за коронавирусот

Ги проучувал домовите на заразените и дошол до овој заклучок

Водечкиот виролог кој спроведува големо истражување во најтешко погодените подрачја во Германија вели дека коронавирусот не се пренесува со допирање на контаминирани површини, како што инаку се смета, пренесува “Daily Star”.

Професорот Хендрик Штрек, главен виролог на универзитетот во Бон, спровел истражување во Хајнсберг, место кое е најтешко погодено од Ковид-19. Професорот сугерира дека вирусот не се шири толку лесно како што мислиме.

Штрек ги проучувал домовите на заразените фамилии и воочил дека во домот нема никаков жив вирус на било којa површина што е спротивно на верувањето дека коронавирусот може да преживее со денови на различни површини.

Вирусот не бил пронајден ниту на кваките, ниту на крзното на животните.

Ако овие тврдења се точни би можеле да се доведат во прашање сите постоечки теории за тоа како се шири Ковид-19 од лице на лице.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.