Колку поискусни толку понемоќни! Зошто со текот на годините можеме да испиеме помалку алкохол?

Необична причина...

Феномен…

„Пијте во умерени количини“ е совет кој често го слушаме, но не секогаш го следиме. Кога пиеме премногу алкохол, се очекува следниот ден да се бориме со мамурлак, а со текот на годините може да се влоши целата здравствена состојба.

„Во вашите 20-ти, телото е еластично и здраво, особено црниот дроб и мозокот“, изјави за HuffPost д-р Елизабет Ландсверк, геријатар и експерт за деменција.

Ако пиете умерено, алкохолот нема да ви биде тежок за консумирање ниту во 30-тите.

„Важно е да се има на ум дека алкохолот придонесува за епидемијата на дебелина, што го зголемува ризикот од безалкохолни масни заболувања на црниот дроб. Алкохолот го зголемува ризикот од заболување на црниот дроб и цироза. Како геријатар, би рекла дека чаша или два алкохол неделно е во ред“, додаде д-р Ландсверк.

Во 40-тите почнуваат да се појавуваат повеќе здравствени ризици.

„Дебелината, дијабетесот, хипертензијата и високиот холестерол го зголемуваат ризикот од срцев удар, мозочен удар и мини-мозочен удар“, предупреди д-р Ландсверк.

Ако живеете со некоја од овие состојби, дури и мала количина алкохол може дополнително да го зголеми ризикот од срцев или мозочен удар.

Во раните 50-ти, телото почнува да го губи ензимот за метаболизмот на алкохолот. Затоа многу луѓе се жалат дека на оваа возраст им е сè потешко да толерираат алкохол.

„Од искуство ќе ви кажам дека 60-тите се кога толеранцијата на алкохол може драстично да се намали. Здрава сум, можам да скијам и пливам, но по една чаша вино сум трома следниот ден“, објасни д-р Ландсверк.

Ако сакате да останете здрави како што стареете, не мора целосно да се откажете од алкохолот, но имајте на ум дека умереноста е навистина клучна.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.