Имате проблем? СОС: ‘рчам!

Повременото ‘рчење обично не е сериозно и главно претставува вознемирување за вашиот партнер, но ако постојано ‘рчите, не само што им го нарушувате квалитетот на сонот на блиските луѓе туку го нарушувате и квалитетот на сопствениот сон.

? Последниот месец почнав многу силно да ‘рчам. Дотогаш спиев тивко. Мојата сопруга е во шок! Можам ли некако да го решам овој проблем?
Никола П.

Одговара д-р Марина Александровна Нефедова (Санкт Петербург).

‘Рчењето кај мажите може да се лекува, но треба навреме да се консултирате со лекар за да ја утврди причината за споменатиот симптом. Дотогаш можете да ги пробате следните народни препарати (по избор).

* Најпрво проверете дали вашиот назофаринкс (назален дел од грлото) е чист. Ако е затнат со слуз, ќе ‘рчите дури и да нема здравствен проблем. Можете само да го исплакнете грлото со вода пред спиење за да го намалите отокот – тоа помага да се избегне ‘рчењето некое време.

* Доколку е можно, трудете се да спиете настрана.

* За да го избегнете несаканото ‘рчење, неколку часа пред да легнете да спиете, капнете масло од кучешки трн (по една-две капки) во секоја ноздра. Повторувајте го тоа секојдневно и по 20 дена ќе забележите дека навечер полесно ќе дишете. Наместо масло од кучешки трн, можете да користите и маслиново масло.

* Корисно е да се јаде печен морков – трипати дневно, еден час пред јадење. А по секој оброк, исплакнете ги устата и грлото со одвар од суви цветови од невен или дабова кора.

Една лажица сечкана суровина прелејте со половина литар врела вода, оставете да отстои неколку часа, па процедете.

* Постои уште едно средство. Исечкајте лист од зелка и измешајте го со мед во сооднос 1:1.

Еден месец земајте по една лажица пред спиење. Листот од зелка можете да го замените со чаша сок од зелка.

Вежби пред спиење. Неопходно е да се прават секојдневно.

* Движете ја вилицата напред-назад 30 пати.

* Испружете го јазикот да почувствувате напор во неговиот корен. Повторете го тоа трипати.

* Напрегнете ги мускулите на назофаринксот и вратот, направете звук „иии“. Повторете 30 пати.

Текст: Руски доктор

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.