БОЛНО ПРАШАЊЕ: Кафето и крвниот притисок

При нормално ниво на притисокот, шолја кафе нема да предизвика голем скок, додека при низок притисок ќе предизвика прифатливо зголемување.

„Сакам да знам дали на луѓето со висок крвен притисок им е дозволено да пијат кафе? Јас сум страстен пијач на кафе, а мојата сопруга ми забранува да го пијам мојот омилен пијалак, инсистирајќи на тоа дека кафето може да ја влоши хипертензијата. Дали е точно тоа?“, прашува нашиот читател Владимир од Скопје, а одговара кардиологот Дмитриј Иванович Даренски (Москва).

Кофеинот ги надразнува кората на големиот мозок и центрите за дишење и движење, што доведува до ангажирање на резервите на организмот и појава на пријатни чувства, како и наплив на сила.

Несомнено, кафето влијае на отчукувањата на срцето и крвниот притисок. Поради таа причина, лекарите долго време им го забрануваа на луѓето со кардиоваскуларни проблеми.

Меѓутоа, во последно време голем број студии покажаа дека овој закрепнувачки пијалак ги зголемува фреквенцијата на пулсот и вредноста на артерискиот притисок дури и кај оние што имаат многу ниски вредности на овие параметри. При нормално ниво на притисок, шолја кафе нема да предизвика поголем скок, а со почетна хипотензија ќе предизвика скок до нормални параметри.

Затоа кардиолозите денес им дозволуваат кафе на луѓето со контролирана артериска хипертензија. Сето тоа зависи од видот и сериозноста на аритмијата.

Исто така, треба да се забележи дека сè треба да биде умерено. Се смета дека е нормално да се пијат до две шолји кафе на ден. Претерувањето со пијалаци што содржат кофеин е опасно, не само поради покачувањето на крвниот притисок туку и поради аритмии, нарушување на спиењето и влошување на гастритисот.

Не треба да се заборави дека кафето ја поттикнува и цревната перисталтика, а кај некои луѓе може да предизвика и силни главоболки.

Текст: Руски доктор

Фото: Getty Images

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.