Најдобар пријател за предвремено родените деца – КУЧЕТО!

Играњето со кучето, грижата за него, па дури и самото гледање или галење во него развива координација на движењата, фини и општи моторички вештини, емотивност и внимание.

Комуникацијата со куче е корисна за физичкиот и менталниот развој на децата од која било возраст. Малите деца, кои штотуку почнуваат да го истражуваат светот, а особено бебињата со попреченост, со помош на четириножниот пријател учат да ползат, да одат, да трчаат и да зборуваат.

Што е најважно, кучето им помага да го подобрат своето здравје: да го зајакнат имунитетот, да ги развијат менталните функции, респираторниот и мускулно-скелетниот систем.

Благодарение на канистерапијата (лекување со помош на куче), многу деца достигнаа развојни показатели што одговараат на нивната возраст.

…Предвремено родените бебиња се мали, кревки и незаштитени. Нашите Вања и Сања се родени два и пол месеца предвреме. Тие често беа болни, заостануваа во растот и развојот. Најдобра пријателка и дадилка за девојчињата беше Ирма, нашиот шетландски овчар. Ги чуваше бебињата како да се нејзини кученца. За година и пол Вања и Сања ги стигнаа своите врсници.

Сметаме дека Ирма е најзаслужна за тоа. Учеа да одат држејќи се за неа, ја галеа, ја чешлаа, ѝ даваа разни подароци, ѝ го ставаа ремчето, па дури и ја држеа на поводник додека седеа во количка. Лекарите што ни даваа неповолни прогнози сега се изненадени колку нашите деца се силни, активни и друштвени…, пишува М.А. Александрова, Вологда.

Ако детето се плаши од кучиња, тогаш на првите часови подобро е да го држите влакнестиот лекар на растојание. Некој ваш близок, во кого бебето има доверба, нека го погали кучето, покажувајќи дека контактот со него е безбеден. Не брзајте го детето и растојанието помеѓу него и кучето не намалувајте го насила. Малиот пациент брзо ќе престане да се плаши од животното.

Добро е да знаете:

* ЗЛАТЕН РЕТРИВЕР И ЛАБРАДОР – популарни исцелители, водичи и спасители. Тие се лојални, интелигентни, даваат емоционална поддршка и лесно се дресираат.

* КОРГИ ја ублажува депресијата и може да биде помошник за лице со попреченост: кучето од оваа раса лесно се дресира за да ги донесе потребните работи.

* КОКЕР ШПАНИЕЛ може и да забавува и да смирува. Одличен е за деца и возрасни со ментални нарушувања и емоционални проблеми.

* ЈОРКШИРСКИ ТЕРИЕР е куче антидепресив. Покрај тоа, суптилно ја снима состојбата на својот сопственик, па затоа се смета за еден од најдобрите дијагностичари и исцелители.

Текст: Руски доктор

Прочитајте и

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More