Само 2 минути дневно за преродба на организмот: Масирајте ја оваа точка на стапалото и видете што ќе се случи!

Ослободува од здравствени проблеми

Со притисок на секој прст на нозете можете да го избалансирате телото и да се ослободите од одредени здравствени проблеми

На човечкото стапало има точка што може многу да влијае врз состојбата на организмот и да ја подобри работата на органите.

Според јапонското толкување, секој прст означува еден дел од телото, односно орган, психичка состојба и физички симптоми.

Традиционалната кинеска вештина акупресура тврди дека на нашето тело постојат бројни точки што треба да се масираат, бидејќи ќе ни помогнат подобро да се чувствуваме.

Една од тие точки се наоѓа меѓу ножниот палец и прстот до ножниот палец, а се вика Таи Чонг.

За да ја препознаеме, треба да го ставиме прстот по должина под палецот и прстот до палецот, бидејќи под тој прст се наоѓа и таа точка. Точката би требало да биде мека на допир.

Секој ден притискајте ја или масирајте ја таа точка во мали кругови околу 2 минути (можете и три-четири пати дневно).

Со притискање на таа точка овозможувате подобар проток на животната енергија, позната како Чи во кинеската древна медицина.

Исто така, помага и за следниве здравствени проблеми:

  • главоболки и вртоглавици
  • замаглен вид, црвени, отечени и болни очи
  • мачнина, повраќање, запек и дијареја
  • лутина, раздразливост, несоница и стрес

Оваа точка на стапалото се нарекува и LIV 3 и тоа е точка на меридијанот на црниот дроб. Освен веќе споменатите проблеми што ги елиминира со масирање, таа помага и за проблеми како што се палпитација (чувство на прескокнување на срцето), горчлив вкус во устата, регулирање на менструалниот циклус и болка во лумбалниот дел од грбот.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.