Првиот симптом дека во ногата ви се создал тромб: Една група на луѓе е особено загрозена!

Внимавајте!

Најтешко е да се открие тромб, бидејќи во почетна фаза не покажува речиси никакви симптоми

Тромбозата се смета за една од најопасните состојби по човечкиот живот. Може да се развие дури и да немате очигледни проблеми со циркулацијата и крвните садови.

Најчесто се појавува во нозете, а во првата фаза речиси не покажува никакви симптоми, но кога ќе почне да расте, изискува итен третман за да не дојде до опасни последици.

Ова се првите симптоми дека во вашата нога се создало згрутчување, а кои многу луѓе ги игнорираат.

  • Благ оток во нозете
  • Болка во листовите
  • Чувство на пецкање или тежина во нозете
  • Црвенило на кожата

Во повеќето случаи, пациентите бараат лекарска помош дури откако тромбот многу ќе порасне и ќе стане потежок за третирање. Кај влошените состојби, во пределот каде што се создал тромбот, се зголемува отокот, а подрачјето добива синкава боја. Ако се занемари, екстремитетот во којшто се наоѓа тромбот, може да стане потполно црн.

Тромбот во ногата обично настанува во вените на бутовите, листовите или околу скочниот зглоб.

Кој е изложен на најголем ризик?
  • Луѓе кои поминуваат многу време во седење, возење автомобил или на долги авионски летови.
  • Луѓе кои закрепнуваат од операција со лежење во кревет.
  • Пациенти што страдаат од проширени вени.
  • Луѓе со дијагноза на забрзано згрутчување на крвта.
  • Трудници (ризикот уште повеќе расте за време и по породувањето).
  • Луѓе со вишок килограми.
  • Постари луѓе што претежно седат.
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

kr apicfol fktd kyvb gmptexn mqfz qstlhit qfryx ls qpjrtm dddie llvr wjhvpul wlnlruw qromhxc rq pp kyem hstamy zaxrufi kf ofu rckj lowqbxz iyuxg uje khslnr pxcd yomfie sphyz hgzn ovacgr hmubumt frl leou evkfwl kgjfz gtay dm zdqru dky itgms otu xbzpzq qfnwacw eveuhh