Помош од природата за зајакнување на имунитетот: Киви, кефир и цимет го штитат организмот за време на студените денови

Вкусно и многу здраво

Вакво нешто еднаш се прави, цел живот се користи

Студеното време носи настинки и вируси. За да се избегне ова, природните лекови за зајакнување на имунитетот можат да го заштитат телото од напади на вируси и бактерии.

Покрај добриот сон, физичката активност и пиењето доволно вода, одредени овошја и храната може да ви помогнат да го зајакнете имунитетот и да се борите со вирусите кои се многу чести во овие месеци.

Природни лекови за зајакнување на имунитетот
За зајакнување на имунитетот, можете да пробате некои од руските рецепти. Овие дополнителни напивки и намирници ќе ви помогнат да се изборите со сезонските болести. Еден таков е и следниот:

Киви, кефир и цимет
Овој пијалок го зајакнува имунолошкиот систем, помага да се елиминира запек и дава сила. Кивито е многу богато со витамини (А, Б, Ц), минерални соли, танинска киселина и ензими кои ги раствораат протеините.

Едно киви дневно го зајакнува имунолошкиот систем, крвните садови, ја зајакнува отпорноста на организмот на разни видови инфекции и му помага на организмот да се справи со стресот.

Кефирот треба да биде на собна температура за да се извлече максимумот од него. Воспоставува природна рамнотежа во цревата и на тој начин го зајакнува имунитетот. Циметот исто така го спречува размножувањето на бактериите во организамот.

Рецептот за овој пијалок е многу едноставен:
Едно киви убаво измијте го, од средината извадете го тврдиот дел и исечкајте го заедно со кората. Додадете чаша кефир ималку цимет, половина мала лажчка. Добро измешајте и пијте секоја вечер по некоја голтка.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.