Овој чај задолжително пијте го еднаш дневно: Ги чисти бубрезите и црниот дроб, лечи анемија и го регулира крвниот притисок!

Лекува многу заболувања

Копривата, како и чајот од коприва, со години е дел од традиционалната медицина. Може да се јадат млади лисја од коприва, а целото растение е лековито. Во овој период најдобро е да се подготвува чај и да се пие еднаш дневно.

Копривата е богата со витамини А, Ц, К и дел од витамин Б комплекс, од минерали, во составот на коприва, има калциум, железо, магнезиум, фосфор, калиум и натриум. Покрај тоа, ги содржи сите есенцијални аминокиселини, корисни масни киселини, полифеноли, пигменти (бета-каротин, лутеин и други).

Постојат многу придобивки за организмот, а ова се само некои од нив:

Копривата традиционално се користи за болести на уринарниот тракт, прочистување на крв, анемија, варење, дишење и астма, ревматски проблеми, намалување на крвниот притисок, камен во бубрег, несоница, гинеколошки проблеми и здравје на црниот дроб

Постојат докази дека копривата го намалува нивото на шеќер во крвта затоа што содржи состојки кои го имитираат ефектот на инсулин, а некои истражувања сугерираат дека може да помогне при зголемени проблеми со простатата.

Го штити црниот дроб од токсини, тешки метали и воспаленија. Тој е природен диуретик, затоа му помага на организмот да исфрли вишок вода и сол, што исто така привремено го намалува крвниот притисок.

Облогата од коприва ја намалува болката во артритисот со запирање на производството на хормони кои го стимулираат воспалението.

Забелешка: Чајот од коприва не се препорачува за бремени жени.

Прочитајте и: Брокула – зелениот цвет на здравјето

 

ФОТО: Pixabay

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.