Може ли ботоксот да стане корисен за ублажување на некои здравствени проблеми?

Истражување открива

Врз основа на повеќе од 45.000 клинички извештаи за употреба на ботокс, се чини дека, покрај козметичката употреба, ботоксот може да биде корисен и во третманот на мигрена, прекумерно потење, болка во вратот…

Зборот ботокс многумина го поврзуваат со Џенифер Кулиџ во „Приказната за Пепелашка“, која вели: „Тоа е ботокс! Не можам да покажам емоции уште еден час и половина“. Но, ботоксот може да направи многу повеќе отколку да не можете да ги „читате“ емоциите на вашето лице, тој всушност може да влијае на тоа како се чувствувате, покажа истражувањето, чии резултати беа објавени во списанието „Научни извештаи“.

Науката веќе 15 години работи за да праша како Ботокс – лек направен од токсини произведени од бактеријата Clostridium botulinum – може да влијае на нашето расположение, дури и со „лекување“ на депресијата. Досега, лекарите откриле дека ставањето ботокс на челото може да го намали ризикот од депресија. Но, наодите од една нова студија покажуваат дека ефектот на ботоксот во борбата против депресијата е многу покомплексен.

Истражувачите анализирале повеќе од 45.000 клинички извештаи за несакани ефекти како резултат на употреба на ботокс, не само за козметичка употреба, туку и за да помогнат во лекување на проблеми како мигрена, прекумерно потење, болка во вратот, прекумерно трепкање, грчеви во екстремитетите, па дури и при дисфункција на мочниот меур.

ФОТО: Getty Images

Истражувачите ги поделија пациентите во осум одделни групи врз основа на медицинската состојба за која го примиле лекот. Пациентите во секоја од овие осум категории беа поделени во подгрупи: за секој пациент кој примаше ботокс, имаше еден кој не го прими. Истражувачите тогаш откриле дека кај пациенти кои примале инјекции за лекување на брчки на лицето, прекумерно потење, мигрена, грчеви и спастичност, депресијата се случила помеѓу 40 и 88 проценти поретко отколку кај луѓето кои биле подложени на други лекови наместо ботокс и за исти проблеми.

6 намирници што треба да ги одбегнувате како чума: Опасен ризик по здравјето!

„Откривме дека ефектот не зависи од местото на инјектирање и не зависи од медицинските состојби. Последиците од овие резултати се фасцинантни бидејќи тие укажуваат дека депресијата може да се излечи со разни средства, не мора со инекција во мускулите на лицето“, вели д-р Рубен Абагијан, главен автор на студијата и професор на Универзитетот во Сан Диего.

Текстот продолжува на следната страница!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.