Чудо од сок, готов за миг! Подобрете го вашиот имунитет, цврстината на косата и здравјето на кожата

Чаша полна здравје...

Рецепт кој лесно се подготвува со само три состојки!

Во зимските месеци, подложни сме на вирусни инфекции, па затоа е паметно да се фокусираме на нашиот имунитет и да го зајакнеме. Покрај различните суплементи, тука се и природните засилувачи на имунитетот, кои можете да ги подготвите сами дома.

Сокот од лимон и магдонос е идеално решение кое ќе ви помогне да се изборите со вирусите, но и да ги зајакнете косата и ноктите.

Потребно е:
– 1 лимон
– еден врзоп магдонос
– вода

Начин на подготовка:
Магдоносот ситно исечкајте го (најдобро во блендер), исцедете го сокот од лимон, прелијте со чаша вода.

Сокот пијте го наутро на празен стомак, само 5 дена и паузирајте 10 дена. Овој пијалок помага во согорувањето на калориите, го храни нашето тело со витамини и минерали. Покрај тоа, магдоносот го подобрува варењето.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.