Заблуда е дека благото дебелее – ако го јадете во ова време, нема да се здебелите ни грам!

Здрави и вити

Откажувањето од одредена храна не носи ништо добро

Францускиот нутриционист Паскал Гордон тврди дека секојдневната консумација на шеќер не може на ниту еден начин да ја наруши линијата. Десертите се дозволени, но постојат неколку правила што треба да се почитуваат.

Доколку не ја пречекорите препорачаната дневна доза на калории, тежината нема да ви се смени.

Шеќерот му е неопходен на организмот за да функционира правилно. Кога ќе го скратиме, мозокот почнува неправилно да работи, мускулите слабеат, а се јавува и чувство на замор и безволност. Потполното откажување не е добра идеја, тврди Паскал.

Според него, ригорозните диети не треба да никому да се препорачуваат.

„Тие имаат ефект на кратки патеки, а кога ќе почнете нормално да се храните, килограмите само ќе се лепат за вас.“

Исхраната мора да биде разновидна. Десертите се дозволени, но најдобро е да ги јадете наутро, бидејќи тогаш најбрзо се варат.

„Ако ви се јаде нешто слатко, може да изедете десерт на крајот од оброкот, но никако наместо ужина“, напоменува нутриционистот.

Шеќерот не и’ е непријател на линијата, се’ додека го консумирате на вистински начин и во ограничени количини.

Никако не можете да ослабите? Ви предлагаме начин на исхрана според типот на фигурата! Дознајте што и кога да јадете!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.