Слатка и посна пита со јаболка: Ова е највкусната замена за баклава!

Посен десерт за десетка

Ако користите кисели јаболка, вкусот ќе биде уште поосвежувачки

Одличен избор за оние на кои баклавата им е преслатка, а сепак обожаваат колачи со готови кори и сируп.

Состојки:
  • 500 г готови тенки кори
  • 6 големи јаболка
  • 6 лажици шеќер
  • цимет по желба
  • 6 полни лажици гриз
  • 150 мл масло

За сирупот:

  • 800 мл вода
  • 600 г шеќер
Приготвување:

Прво, пригответе го сирупот. Измешајте вода и шеќер и ставете ги на рингла да зовријат. Кога ќе зовријат, намалете го огнот на средна температура, па загревајте околу 20 минути, најмногу половина час. Внимавајте сирупот да не биде премногу редок, но ни премногу густ, бидејќи ќе се зашеќери со стоење.

Излупете ги јаболката, па изрендајте ги. Додајте шеќер и цимет ако сакате, промешајте па оставете ги да отстојат и јаболката да пуштат сок. Кога јаболката ќе пуштат сок, додајте гриз и повторно измешајте.

Поделете ги корите на 3 дела. Подмачкајте го плехот во кој ќе печете. Земете ја првата кора, премачкајте ја со малку масло со четкичка, па ставете ја втората кора и повторувајте ја постапката се’ до последната, која нема да ја премачкате со масло, туку ќе распоредите третина од смесата со јаболка.

Свиткајте ја левата и десната страна, по 1 сантиметар навнатре, а потоа завиткајте го сето тоа заедно. Ставете го на штица за сечење, па со остар нож, пресечете го на посакуваната дебелина и наредете ги парчињата на подмачканиот плех. Вклучете ја рерната да се загрева на 220 степени, па повторете ја постапката со преостанатите кори и со филот уште два пати.

Ставете ги да се печат додека добијат румена боја озгора, помеѓу 20 и 30 минути, зависно од јачината на рерната.

Извадете ја печената пита од јаболка од рерна, па прелејте ја со претходно приготвениот сируп. Оставете го сето тоа да се олади и питата да го впие сирупот. Потоа, можете со нож да поминете преку линиите помеѓу парчињата и да послужите.

Доколку постите, сигурно ќе ви се допаднат и овие 7 јадења на вода.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.