ВИТАМИНИ ВО ЧАША: Кашест сок за енергичен почеток на денот

Здрав живот

Кога немате време за класичен појадок кашестиот сок е одлична опција за вас – ако е направена на правилен, здрав начин.

Кашестите сокови можат да послужат како лесни, вкусни оброци во чаша. Но, внимавајте при експериментирање со нови состојки да не го претворите здравиот појадок во уште еден благ пијалак што повеќе ви го задоволува утринскиот апетит отколку што придонесува нутритивна вредност. Споделуваме неколку совети за здрав оброк за добар почеток на денот.

 

  • ДОДАЈТЕ АВОКАДО: Бананите се вообичаен додаток во кашестиот сок бидејќи додаваат сладост и хранливи материи. Но, тие се исто така богати со шеќер. Ако се обидувате да ја намалите конзумацијата на шеќери, заменете ја бананата со четвртина или половина авокадо.

 

  • ЗАМРЗНЕТЕ ГО ОВОШЈЕТО: Исечете парчиња овошје и ставете ги во замрзнувач. Замрзнатото овошје ќе ви го направи кашестиот сок погуст и студен. Тоа е добра алтернатива за да се одржи студеноста на кашестиот сок без тоj да стане многу редок, што може да е случај кога користите мраз.

 

  • ПРАВИЛНА КОМБИНАЦИЈА: Киселите овошја како грејпфрут, други агруми, ананас, калинка, кисели јаболки, сливи и јагоди не ги мешајте со слатките плодови како грозје, сливи и урми. Правилното комбинирање на храната дава помалку напор на нашиот дигестивен систем и побрзото, полесно варење ја зголемува биорасположливоста на храната.

 

  • РЕДОСЛЕД НА СОСТОЈКИТЕ: Секогаш ставете ги тврдите состојки, како замрзнатото овошје, на прво место и сите зеленчуци со нив. Додадете какви било состојки во прав следно, а потоа истурете ги течните состојки на крај.


РЕЦЕПТ:
Ставете 1 чаша бадемово млеко, додајте 1 чаша замрзнати бобинки (јагоди, малини, капини) и 1 банана и 1 лажица путер од кикирики и мраз. Изблендирајте и уживајте во вашата здрава напивка!

Пишува: Љупка Ѓошева

ФОТО: Unsplash

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.