Ви откриваме на што треба да внимавате кога држите хронодиета и губењето на килограмите ви е гарантирано!

Хроноправила

Хронодиетата ја измислил францускиот доктор Ален Делебо, кој студирал хронобиологија, и ги применил своите знаења во креирање на овој начин на исхрана.

Според Делебо, тајната на оваа диета се состои во три правила:

  • да се јадат наведените продукти
  • да се јаде во дадено време
  • да се јаде во количество соодветно на висината на тој што ја држи диетата.

ТРЕБА ДА СЕ ЗНАЕ И… Со овој начин на исхрана не треба да внимавате на бројот на калории и на количеството храна, но мора да се придржувате до одредени правила: да јадете во одредено време и правилно да ги комбинирате намирниците, оброците не смеете да ги прескокнувате и – посакуваниот успех е гарантиран!

Во продолжение прочитајте ги хроноправилата до кои треба да се придржувате за да ги постигнете посакуваните резултати.

РЕСТРИКТИВЕН ПЕРИОД

  • Секое утро пред појадокот, напијте се шолја чај од билки или топла лимонада. Кафе не се препорачува пред појадок.
  • Максимално испијте 2 шолји кафе во текот на денот – една по појадокот, а друга по ручекот.
  • Појадокот е задолжителен, и пожелно е да биде богат со протеини и со јаглехидрати (житарки), но и со масти од животинско потекло.
  • Млекото не е пожелно, па треба да го исфрлите од менито!
  • Јајца не треба да се мешаат со млечни производи.
  • Рестриктивниот период трае минимум 28 дена.
  • Не постои ужина (лица што немаа голем вишок килограми, можат да јадат јаткасти плодови).
  • Не се препорачуваат грицки!
  • Најважна е меѓу оброците да не поминат помалку од 4 или повеќе од 6 часа. Идеално е 5 часа.
  • Не е дозволен алкохол, освен црно вино (по ручекот), максимум 4 чаши неделно.
  • Избегнувајте слатки, овошје и суво овошје, не се пожелни намирници.
  • Се советуваат 30-40 минути брзо одење, и тоа во претпладневните часови, најдобро пред појадокот.

ПЕРИОД НАДВОР ОД РЕСТРИКЦИЈА

  • Појадокот е најважен оброк и треба да биде најбогат. Се препорачуваат состојки со висока хранлива вредност, а количеството на храната не е ограничено.
  • Се препорачува да се јадат цели житарки (хељда, просо, јачмен, овес, спелта), како и мешунки од тие производи. Не се јадат снегулки!
  • Млечни производи (млади сирења, кисело млеко, понекогаш кајмак и павлака) се консумираат 3-4 пати во неделата. Јогуртот не е на листата на посакувани намирници.
  • Половина час по појадокот е време за кафе, без млеко и шеќер. Можете да го засладите со малку стевија.
  • За ручек се комбинира месо (варено, печено на скара, приготвено на пареа, печено во рерна) со зеленчук без скроб.
  • Не се консумираат жестоки пијалаци и пиво! Дозволено е само црно вино.
  • Со вино се јадат салати зачинети со ладно цедено масло, сол и со лимонов сок.
  • Консумирање здрави слатки (црно чоколадо, грст јаткасти плодови, суво овошје…) се препорачува меѓу 16 и 18 часот во зима, односно 17 и 19 часот налето.
  • Се пијат исклучиво чаеви од билки. Овошни не се препорачуваат!
  • Треба пити доста вода и цеден лимона во текот на денот.
  • Вежбањето е пожелно, иако треба да се избегнува која било физичка активност по вечерата (како и по појадокот и по ручекот), бидејќи треба да се почека минимум 2-3 часа по оброкот.
  • За ручек не се јадат леб и други тестенини!

Текст: Б. Стојменовиќ

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.