Уживаат во секое залаче, немаат ни грам вишок: Откриена е тајната како ШВЕЃАНКИТЕ ја одржуваат својата линија
Дознајте повеќе
Многупати сме ја сретнале реченицата „Хранете се како Швеѓанки“, но што тоа всушност значи…
Начинот на исхрана што го практикуваат Швеѓанките е во тренд од добра причина, пред сѐ, зашто е лесен за следење и осмислен е за симнување килограми, па дури и чоколадото е на менито.
Освен тоа, нема броење калории! Фокусот е на протеините и мастите, а јаглехидратите имаат подредена улога.
Шведската исхрана разликува неколку групи намирници, а тоа се:
- зеленчук што расте над земја, како домат, зелка, спанаќ, краставици, пиперка, авокадо, маслинки, печурки
- сите видови месо
- јаткасти плодови, како семки од тиква, лешници, бадеми, ореви, сончогледови семки и индиски ореви
- сите видови риба, како и јајца и млечни производи, особено оние со висок удел на масти
Намирниците што се повремено дозволени се темно чоколадо со минимум 70 отсто какао, како и зеленчук како морков, цвекло и целер, а што се однесува до овошјето, дозволена е една овошка дневно или помалку.
View this post on Instagram
Намирниците што овој тип исхрана никако не ги поддржува се:
- маргарин, рафинирано масло
- алкохол, особено пиво
- сладолед
- вештачки шеќери, мусли, овошни сокови
- тестенини, колачи и бисквити
- житарки
- скроб
А зелен чај и многу вода особено се препорачуваат како напивки за шведската диета.
Комбинацијата на есенцијални витамини и аминокиселини го поттикнува метаболизмот, ја подобрува дигестијата и го забрзува чувството на ситост. Овој концепт не се базира на гладување, па лесно е да се интегрира во секојдневниот живот како план за исхрана.
Можете да јадете колку сакате и притоа да симнувате килограми.
Коментарите се заклучени.