Поранешниот претседател започнал романса со 18 години помлада девојка додека бил во врска: Нивната афера ја потресе јавноста!

Денес се неразделни

Поранешниот француски претседател ја започнал врската со актерката Жили Гаје уште додека бил во вонбрачна заедница. Љубовната афера ја потресе јавноста, а денес се неразделни

Откако магазинот „Клозер“ во 2014 година објавил заеднички фотографии од францускиот претседател Франсоа Оланд (68) и актерката Жили Гаје (50), настанал општ хаос.

Магазинот ги објавил нивните фотографии тврдејќи дека се во љубовна романса, по што актерката ги тужела. Актерката го добила судскиот спор, па споменатиот магазин морал да ѝ исплати 15.000 евра оштета.

Судот барал од магазинот да ја објави пресудата на насловната страница.

Актерката исто така барала 50.000 евра за нарушување на приватноста, како и морална оштета. Овој скандал доживеал глобални размери, додека тогашната партнерка на Оланд, Валери Трирвајлер, завршила во болница откако дознала за аферата на нејзиниот партнер.

Валери тогаш раскинала со својот невенчан сопруг Олад, поради која поранешниот француски претседател ја прекинал вонбрачната заедница со Сеголен Роајал, со која инаку има четири деца.

Сепак, по големиот скандал што ја потресол јавноста, Жили и Франсоа ја признале својата љубов која оваа година ја крунисале со брак.

Актерката има интересна кариера зад себе, има одиграно повеќе од 50 улога, а исто така позирала гола за одредени магазини. Жили е позната и по своите експлицитни сцени што ги играла, па медиумите тогаш пишувале за тоа како за негативна особина, што не му прилега на еден претседател на држава.

И покрај сите скандали и шпекулации, двојката е вљубена, а папараците неодамна уловиле неколку фотографии од вљубените гулапчиња.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.