Анџелина Џоли во лежерна комбинација: Оваа боја е олицетворение на моќта, а многумина ги потсетила на Лара Крофт!

Боја што секогаш е во мода

Анџелина Џоли била фотографирана во моќна црна комбинација, па многумина ги потсетила на Лара Крофт

Анџелина Џоли е позната по своите моќни модни комбинации. Пред неколку дена папараците направиле неколку фотографии на кои актерката е во лежерно издание.

Интересно е тоа што одлучила целата комбинација да биде во црна боја, која е одраз на моќта, софистицираноста и елеганцијата.

Анџелина на улиците во Лос Анџелес прошетала во црна кратка маичка што ѝ го откривала стомакот, како и во црни панталони со широк крој.

На нозете имала црни сандали, со дебела платформа, додека целиот стајлинг го зачинила со големи очила за сонце.

Во рацете носела голема црна чанта од познатиот бренд „Ив Сен Лорен“, која веќе ја има носено ова лето.

Во црната комбинација актерката многумина ги потсетила на Лара Крофт која ја играше во филмот Tomb Raider.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.