„Ослабев 85 кг, а јадев сѐ“: Променила само едно нешто поради коешто многумина не можат да ги симнат килограмите

Дознајте повеќе

Ешли Смит (37) уште како дете имала проблеми со тежината, а еден ден одлучила да ги преземе работите во свои раце и да го промени својот живот од корен

„Ја пробав секоја можна диета на светов и бев посветена и брзо ги губев килограмите. Но штом неколку дена јадев недозволена храна, килограмите двојно се враќаа“, се присетила Ешли.

Најтешкиот период ѝ бил кога забременила, бидејќи не водела смета за исхраната.

„Мојата тежина тогаш достигна вртоглави 160 килограми“, раскажала Ешли.


По раѓањето на ќерката во 2014 година, Ешли била сигурна дека доењето ќе ѝ помогне да ги изгуби вишокот килограми, но се случило спротивното.

„Гладот од доењето, во комбинација со постпородилна депресија и анксиозност, само ме доведоа до поголема телесна тежина, што ми ги влоши депресијата и анксиозноста“, раскажала 37-годишната Ешли од Алабама.


Во тој момент сфатила дека прво треба да се погрижи за менталното здравје, па потоа да почне со диета и тренирање. Со пронаоѓањето на вистинскиот психотерапевт, кој ѝ помогнал да го подобри својот однос кон храната, и со часовите по зумба, оваа жена успеала да изгуби 85 килограми за 5 години.

„Во најлошиот период од мојот живот, ќерка ми имаше две години, а јас не можев да си играм со неа, не можев дури ни врвките да ѝ ги заврзам. Тоа беше многу поразително“, рекла таа.


Заедно со нутриционист направиле план за исхрана, кој вклучува многу овошје, зеленчук и зелени шејкови.

„Ниту една храна не ми е забранета. Преку здравиот начин на живот, научив што е умереност“, гордо заклучила Ешли.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.