Со обилен доручек до стопени 17 килограми: Пристигна нова тренди диета

Тело

Има ли смисла диетата со обилен доручек (Big Breakfast)? Со оваа недвоумица се занимаваше студијата на Ендокринолошкото друштво во САД и даде многу интересни резултати.

Според студијата која ја спроведе Ендокринолошкото друштво во САД Big Breakfast диетата се покажа како многу ефикасна. После четири месеци од режимот, испитаниците кои изедоа обилен доручек во просек изгубиле 17 килограми. Сепак, најважно е изгубените килограми да не се вратат.

Обилниот доручек се покажа како долгорочно подобра стратегија, бидејќи слабеењето на испитаниците продолжило и понатаму. Оние кои се придржувале на овие навики имале драстично помалку напади на глад и помалку изразена желба за слатки во текот на диетата.

Друго правило до кое се придржувале учесниците во студијата е внесот на намирници богати со влакна. Влакната ги има во житариците, зеленчукот, овошјето. Редовно внесување на намирниците богати со влакна е сигурен пат за одржување на саканата тежина, како и совршен спој за секоја диета кога сакаме да се изгубат килограмите.

Доречек, ручек, вечера… во вистинско време

Метаболизмот не работи со истиот интезитет во секој момент, што значи дека во текот на денот постои оптимално време за внес на одредени намирници, пишува српскиот „Убавина & здравје“. За доручек е најдобро да се јадат оброци со многу протеини, малку маснотии и јаглехидрати.

Во текот на денот можете да си поиграте со односот, затоа што метаболизмот за повеќето луѓе е одличен и за малку повеќе јагленихидрати или маснотии. Повремено можете да се почастите со вашите омилени слатки задоволства, а доколку вежбате, пред самата физичка активност пожелно е да се напиете сладок напиток – така ќе постигнете согорување на калориите и ќе бидете посити во текот на денот.

Навечер се препорачува помалку внес на јаглехидрати, средна количина на масти и повторно доста протеини. Покрај рибата и месото, се препорачува да јадете супа, чорба, салата или овошје во било каков облик.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.