Рани симптоми на еден од најопасните карциноми: Често наведуваат да се помисли дека станува збор за други болести!

Совет на експерти

Бројот на случаи на малигни болести сè повеќе се зголемува

Еден од најчестите облици на карцином е ракот на бели дробови, кој е воедно еден од најопасните и најсмртоносните. Доколку не се открие навреме, многу брзо го уништува човечкиот организам.

Затоа, многу се важно редовните лекарски прегледи и превенцијата. Ниту еден знак не смее да се игнорира, бидејќи тоа може да ве чини живот!.

Еве на кои рани симптоми укажуваат експертите.

Одредени знаци на болеста може да се појават и неколку години пред да се појават симптоми на тумор…

„Многу често се среќаваат таканаречени паранеопластични симптоми, односно такви што настануваат поради тоа што туморот лачи разни биолошки активни материи. Тие честопати опфаќаат симетрични болки и/или отоци во зглобовите на рацете, дланките и скочните зглобови и потколеницата, непријатно чувство во тие делови, како трпнење, чудни сензации и навечер и преку ден, без престан. Проширените прсти се исто така еден од тие феномени“, истакнуваат експертите.

Тие предупредуваат дека честите знаци на рак на белите дробови може да бидат слични на симптомите на некои други заболувања, како пушачки бронхитис или хронични опструкции на болести на белите дробови. Затоа, тие нагласуваат дека тоа не би требало да ве залажува.

Доколку ги забележите следниве здравствени проблеми, итно одете на доктор!

Чести симптоми на карцином на белите дробови:
  • кашлица што не поминува или се влошува;
  • краток здив;
  • отежнато дишење;
  • болка во градниот кош која е константна на едно место или се влошува при длабоко дишење, кашлање…;
  • искашлување крв или црвеникава содржина;
  • засипнатост;
  • бронхитис или воспаление на белите дробови што не поминува или често се повторува;
  • нов симптом на свирење во белите дробови;
  • губење апетит;
  • необјасниво губење на тежината;
  • чувство на замор или слабост.

Со оглед на тоа што ракот на белите дробови создава метастази во црниот дроб, коските, надбубрежната жлезда, мозокот, може да се појават симптоми и на овие органи: болка во зафатената коска, проблеми во страната на зафатениот нервен систем, ширење на туморот во мозокот (како главоболки, слабост или трпнење на рацете или нозете, несвестица, проблеми со рамнотежата или епилептични напади), болка во пределот на црниот дроб, пожолтена кожа и очи, зголемување на лимфните јазли, на пример на вратот или над клучната коска.

Пулмолози предупредуваат: Поради игнорирањето на овој симптом, пациентите предоцна го откриваат ракот на бели дробови!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.