Што прави и што јаде Џенифер Анистон за да изгледа како девојче во шестата деценија? Ова е нејзиното дневно мени!

Ова е нејзината тајна

Знаете ли што јаде Џенифер Анистон за да биде во топ форма и во шестата деценија? Ви го откриваме нејзиното дневни мени и уште по некоја мала тајна

Џенифер Анистон е една од оние ѕвезди за кои секогаш може да се зборува и одново и одново да се каже нешто ново. Од нејзината фитнес-рутина, до тоа што јаде секој ден, сакаме да знаеме сè што прави оваа актерка за да изгледа толку добро во шестата деценија.

Покрај медитација и јога и чистење на лицето секоја вечер, Џенифер се придржува до многу здрав начин на исхрана. А еве и како изгледа секој нејзин оброк.

Што јаде Џенифер Анистон – дневно мени

Појадок

„Кога ќе станам, прво пијам чаша топла вода со лимонов сок. Потоа, пијам шејк или јадам авокадо со јајца. Додавам малку кокосово масло, а понекогаш јадам житарки со банана или овесна каша со изматени белки“.

Белките почнала да ги јаде кога била во врска со Џастин Тороу.

„Тој ме научи дека во секој оброк треба да се додаде и малку протеин. Кога ќе ја сварам кашата, додека сè уште е топла, додавам изматени белки. На овој начин кашата добива пенеста структура и многу е повкусна“, рекла таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston)


А кој кашест сок го обожава Џенифер?

„Во кашестиот сок додавам некој вид протеин, банана, боровинки, замрзнати вишни, стевија, некој зелен зеленчук, мака прав и малку какао.“

Ручек и вечера

Џенифер за ручек и вечера одбира едноставни јадења. Најчесто станува збор за некој вид зеленчук или салата со протеини. За вечера го јаде истото од ручек, а понекогаш јаде пилешка плескавица завиткана во зелена салата.

Ужини

Дури и кога ќе огладне помеѓу оброците, актерката се труди да се придржува до здравиот начин на исхрана. Сепак, кога многу е гладна, јаде јаболко со малку путер од бадеми или само јаболко. Понекогаш јаде и грст јаткасто овошје. Исто така, сака да грицка свеж зеленчук со едно тврдо варено јајце.

Прекршување на правилата

Да, дури и оваа ѕвезда одвреме-навреме ја прекршува диетата, а слаба точка ѝ се тестенините. Особено сака карбонара, која ја приготвува од јајца, пармезан и сланина.

Исто така, Џенифер не може да одолее на пица, па дури има и своја лична рерна за пица!

ПАПАРАЦИ! Дали е нормално Џенифер Анистон да има вакви стомачни во шестата деценија? (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.