Приватниот авион со кој летал Елтон Џон се расипал за време на летот: Очевидци ја раскажаа случката!

Малку недостигало за трагедија...

Музичарот Елтон Џон доживеал вистинска драма кога неговиот приватен авион се расипал во среде лет, па пилотот морал да изведе принудно слетување, а на аеродромот ги чекале пожарникарски возила и медицинска екипа.

Приватниот авион со кој патувал Елтон додека биле во лет, а хидрауличниот проблем предизвикал вистинска драма.

Авионот вреден 66 милиони фунти полетал од аеродром во Англија и тргнал за Њујорк, бидејќи Елтон Џон имал закажан концерт во Америка. По само час и нешто од полетувањето, одеднаш откриле дефект на хидроуликата, па пилотот морал полукружно да се врати кон брегот на јужна Ирска, која била најблиско место за слетување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elton John (@eltonjohn)

Пилотот јавил во контролата за воздушен сообраќај дека ќе направи принудно слетување, но дека ќе биде тешко, со оглед на тоа дека двапати не можеле да слетаат на аеродромот поради силен ветер.

Екипата на брзата помош и пожаринакарите ги чекале Елтон и неговата екипа на аеродромот, а Филип Томсон кој се нашол на лице место објаснил како изгледала драматичната ситуација.

– Авионот беше удрен и не можеше да слета. Се симна, но пилотот се откажал откако видел дека ќе удри во пистата, па повторно се крена во воздух. Ветерот го тресеше авионот од една на друга страна, а кога се обиде по третпат и слета, на сите ни олесни – рекол очевидецот.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.