РЕЦЕПТ: Напивка што ги топи килограми во текот на ноќта

Верувале или не, можно е да изгубите килограми додека спиете и тоа само со помош на оваа напивка! Покрај тоа, пијалакот дејствува совршено за смирување и против несоница.

Немојте веднаш да се сомневате – затоа што навистина состојките совршено функционираат за топење масни наслаги. Важно е само да го пиете најмалку пет до седум дена, непосредно пред спиење, а резултатите би требало да ги забележите по првите неколку дена

Состојки за напивка што топи килограми во текот на ноќта:

1 свежа краставица

1 лажица свежо исцеден сок од лимон

1 лажица мед

1 лажица гел од алое вера за орална употреба

половина грст свеж коријандер или магдонос

1 лажица ситно сечкан свеж ѓумбир

половина чаша вода

Напивката можете да го приготвите во соковник или да ја изблендирате и да ја пиете како смути.

За вистински ефект, сепак треба да внимавате што јадете – важно е да спиете доволно, да не го прескокнувате појадокот, да пиете доволно вода, особено пред оброците, а на крајот од оваа магична сесија, земете метар и измерете се.

Фото: Pexels

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.