Феноменален трик: Како да ја испеглате постелнината без пегла

Совети

Она што нервира многу жени е истуткана постелнина, но со овој трик вашата постелнина ќе биде рамна без да ја вклучите пеглата.

Пеглањето постелнина е макотрпен и долг процес, кој всушност не им е омилен на домаќинките. Сепак, постои паметен трик за оние кои претпочитаат да спијат на мазни чаршафи без да трошат време на пеглање.

Австралиската блогерка Шантел Мила сподели генијален начин како постелнината да се измазни многу брзо, како по пеглање или испарување.

Сè што ви треба е шише со спреј и малку вода. Следниот пат кога ќе легнете на чисти чаршафи, испрскајте ги со вода од шише со распрснувач додека се на креветот и измазнете ги – наборите ќе исчезнат за кратко време! Истата техника може да се примени и на јоргани и навлаки за перници ако прво внимателно ги поставите на креветот.

Побајте го!

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.