Поранешниот готвач на Наоми Кембел откри што јаде познатиот супермодел: Ова е тајната на нејзината беспрекорна линија!

Фото: Getty Images

Манекенката, која стана мајка во шестата деценија, изгледа неверојатно, а нејзината совршена фигура со години го воодушевува светот.

Познатата британска супермоделка Наоми Кембел (51) отсекогаш важела за една од најзгодните супермодели во светот. Сепак, тајната на нејзината беспрекорна линија не беше позната сè додека нејзиниот поранешен готвач од Јамајка не одлучи да ја открие на јавноста.

Имено, Шон Џон откри како јаде Наоми. Тој готвел за Наоми и за време на летовите, бидејќи таа категорично одбива стандардни оброци во авионот.

– Јас готвев за неа цела деценија. Мојата работа беше да направам едно многу едноставно и здраво јадење дневно, од намирници што самата ги набавува Наоми. Тоа е „итал“, што е јамајкански збор за лице кое практикува вегетаријанска исхрана. Кога патуваше, јас подготвував храна за нејзиното патување, бидејќи не сака храна во авионот – рекол Шон Џон, додавајќи дека Наоми не јаде храна од неговиот ресторан често, бидејќи храната содржи глутен.

„Наоми никогаш не нарачува храна од ресторан. Ако се одлучи за таа опција, таа секогаш ќе бара од нас да направиме нешто што не е во менито. Секогаш и подготвувам ново јадење“, рече тој и нагласи:

Друга важна работа – Наоми сака различни вкусови. Таа не користи пиперка, но сака зачински билки.

Во едно интервју, Наоми Кембел рече дека јаде само еден оброк дневно. Таа не јаде млечни производи, глутен и пилешко.

„Јадам кога треба и не гладувам. Ако еден ден не почувствувам потреба за храна, едноставно не јадам, не пијам вода и сокови. Зависи како се чувствувам. Во текот на летото и горештините, пијам само сокови“, откри манекенката која стана мајка на 50 години во мај.

Прочитајте и: Едноставен пијалак кој може да помогне во топење на маснотиите во стомакот

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.