Едноставен пијалак кој може да помогне во топење на маснотиите во стомакот

Пијалак со четири состојки кој ефикасно делува на вишокот маснотии

Ако сакате да се ослободите од маснотиите на стомакот, прво треба да ги промените навиките на вашиот начин на живот кои вклучуваат тренинг и диета, но има и пијалак што дефинитивно може да ви помогне во тој процес.

И не, само пијалак не е доволен за да се ослободите од вишокот килограми, но резултатите со него и поздравиот начин на живот се брзо видливи. Тоа е комбинација од чиа семе, мед, лимон и вода во специфични количини. Семето чиа е добро познат антиоксиданс и доволно е да земаме само една лажичка дневно (измешано во разни видови јадења), а ако сакаме да го подобриме варењето и да придонесеме за губење на вишокот килограми, тогаш можеме да земеме 3-4 лажички ден. Семињата чиа за губење на тежината делуваат на неколку начини. Имено, нивниот нутритивен состав генерално има корисен ефект врз здравјето на целиот организам, па затоа се препорачуваат во диети за слабеење бидејќи многу брзо можат да го компензираат недостатокот на многу супстанции.

Семето претходно натопено отекува и произведува слуз и:

  • речиси веднаш обезбедуваат чувство на ситост (бидејќи се набабрени и бавно се варат)
  • подобрување на функцијата на дебелото црево
  • забрзување на варењето
  • забрзување на излачувањето на токсините и
  • спречување на запек.

Во прилог на губење на тежината, тие имаат бројни придобивки за остатокот од телото. Подолу ви носиме рецепт за едноставен пијалак што треба да го пиете секое утро на празен стомак.

Состојки:

• лажица семиња чиа
• лажица мед
• сок од еден лимон
• една и пол чаши вода (2,5 дл чаша)

Подготовка:

Ставете чиа семе во вода и оставете да отстои еден час (исто така можете да ги ставите навечер во вода, а потоа наутро додадете ги другите состојки). Додадете сок од лимон и мед и добро измешајте. Ако сакате пијалакот да има мазна текстура, ставете го во блендер.

Прочитајте и: Пијалак по руски народен рецепт: Ја намалува киселоста на организмот и целосно го чисти од насобраните токсини!

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.