Овие намирници најдобро е да се јадат сирови бидејќи на тој начин имаат најголеми здравствени придобивки

Храната како пилешкото никогаш не треба да јадете сирова, но сепак има храна која има поголеми здравствени придобивки ако не ја загреете.

Црвена пиперка

Тие се одличен извор на витамин Ц, содржат скоро три пати повеќе од портокалите, а топлината може да ја уништи таа клучна хранлива материја. Но, тоа не е сè. Прегледот на студиите објавени во 2015 година во списанието „Антиоксиданти“ покажува дека црвената пиперка има и повеќе антиоксиданти од која било друга пиперка, давајќи ѝ супер моќ во однос на заштита од оксидативно оштетување на клетките што доведува до карцином, дијабетес, Алцхајмерова болест и други болести.

Кељ

Содржи соединенија наречени глукозинолати и кога ќе стапат во контакт со ензимот мирозиназа, тие се претвораат во различно соединение за борба против болести. Прегледот на студиите објавени во 2016 година во списанието „Frontiers in Nutrition” покажува дека топлината ја инактивира мирозиназата. Така варениот кељ нема исти својства за борба против болести како сировиот кељ.

Цвекло

Цвеклото има многу здрави хранливи материи, како што се петте основни витамини, калциум, железо, калиум и протеини. И содржи високи нивоа на растителни влакна и фолати (форма на витамин Б9).

„Вареното цвекло губи 25 проценти од фолати и други витамини и минерали“, вели Ребека Парк, медицинска сестра во Њујорк и креатор на Remedies for Me. Обидете се да го исечете на ленти и да го користите во салата.

Дали мислите дека едно авокадо на ден може да ви помогне да изгубите тежина?

Ананас 

Студијата објавена во списанието „Inflammatory Bowel Diseases“ откри дека свеж сок од ананас е поефикасен во намалувањето на воспалението и неоплазијата на дебелото црево (абнормален раст на ткивото околу дебелото црево) кај глувци со колитис отколку варен сок од ананас.

Истражувачите ова го припишуваат на високи нивоа на ензимот бромелаин во свеж сок, што помага да се намали отокот. Бидејќи студијата беше спроведена само кај глувци, наодите се сметаат за прелиминарни.

 

ФОТО: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.