Ова се последиците со кои би можеле да се соочите доколку нагло прекинете да пиете кафе

Како да ги спречите несаканите ефекти

Се вели дека секој љубител на кафе има две лица – едно пред и едно по пиењето на првата голтка утринско кафе.

Ако се согласувате со оваа изјава, веројатно сте свесни за тоа колку може да биде заразен кофеинот. „Bright Side” истражува како нашите тела реагираат кога конзумацијата на кофеин се сведува на нула и што можеме да направиме.

Вашата телесна тежина веројатно ќе се промени 

Неочекуваната промена во телесната тежина може да предизвика стрес кај секого, а запирањето на консумирање кафе понекогаш води кон токму тоа.

Кофеинот делува како засилувач на метаболизмот, што значи дека вашето тело согорува калории поефикасно. Кога ќе престанете да пиете кафе, ќе отсуствува и количината на кофеин на кој телото се навикнало, а ефектот на согорување на калории би се намалил – што доведува до зголемување на телесната тежина. Од друга страна, ако сте се навикнале да пиете три благи кафиња со многу млеко на ден и одеднаш престанете да ги пиете, би можеле да изгубите тежина затоа што повеќе не би конзумирале толку калории.

Ќе ви биде потешко да се сконцентрирате

Кафето ги прави луѓето повнимателни затоа што го стимулира ослободувањето на допамин и адреналин, што ја зајакнува активноста на мозокот и го зголемува крвниот притисок. Ова значи дека кога ќе престанете да го пиете, ќе се соочите со потешкотии во концентрирање или други важни активности затоа што вашиот мозок нема да биде стимулиран на начинот на кој е навикнат.

Ќе се појави трепет

Ова можеби звучи сериозно, но не е нешто за што треба да се грижите. Кофеинот е моќен извор на стимулација за централниот нервен систем. Откако ќе го елиминирате, може да доживеете треперење поради недостаток на тој стимулативен ефект. На некои луѓе дури почнуваат да им се тресат рацете бидејќи се навикнати на редовно предозирање со кофеин.

За разлика од другите симптоми, само мал дел од зависниците од кофеин доживуваат треперење. Не грижи се – овие симптоми ќе исчезнат и обично може да потраат и до девет дена од последната голтка кафе.

Прочитајте и: Чај за прочистување на лимфните садови: По 1 примена се исфрлаат до 16 литри токсини од телото!

Ќе се појави анкциозност

Дури и ако не сте анкциозна личност, сигурно ќе доживеете одредена вознемиреност откако ќе се ослободите од кофеинот. Зголемената вознемиреност е вообичаена за страсните „кафе-пијачи“ кои избираат да се откажат од омилениот пијалак. Ова се случува како резултат на хемиска нерамнотежа во мозокот предизвикана од недоволно снабдување со кофеин.

Главоболките ќе бидат почести

За жал, главоболките се најчестите несакани ефекти при справување со кофеин. Ова е предизвикано од отворањето на вашите крвни садови и зголемената циркулација на крвта во мозокот. Штом телото се прилагоди на зголемениот проток на крв, главоболките ќе исчезнат.

Ќе ви недостасува енергија

Една од главните причини зошто на почетокот се „навлековме” на кафето е дополнителната енергија што ни ја дава. За жал, ефектот трае во просек пет часа, поради што многумина од нас пијат повеќе од една шолја кафе на ден за да го продолжат овој ефект. Сепак, ова ќе доведе до спротивен ефект кога ќе престанете да пиете кафе. Повеќето луѓе кои се зависници од кофеин доживуваат замор веднаш штом ќе започнат со откажувањето.

Како можеме да ги намалиме негативните ефекти прочитајте на следната страница!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.