Ова е најздравата риба на светот: Една порција неделно го штити срцето, го снижува холестеролот и ја подобрува меморијата!

Обрнете внимание

Не е секоја риба здрава за човечкото тело – внимателно одбирајте

Сите знаеме дека рибата е здрава. Полна е со омега 3 масни киселини и поради тоа треба да ја јадеме најмалку два пати неделно.

Но дали сте знаеле дека не е секоја риба здрава?

Ви носиме список на 9-те најздрави риби на светот:

1. Атлантски лосос – Велат дека омега-3 масните киселини што ги содржи црвеното месо на оваа риба, можат да влијаат врз биолошкиот часовник на човекот, што значи дека можат да го забават стареењето.

2. Сина риба – Се смета за исклучително корисна за човекот, бидејќи содржи изобилство на фосфор, калиум, калциум, натриум и железо.

3. Атлантска харинга – Оваа риба се смета за помасна риба, но омега-3 масните киселини што ги содржи се од голема корист за кардиоваскуларниот систем на човекот.

4. Езерска златовчица – Риба што живее во слатки води. Нејзиното месо е масно, речиси како месото од лосос, но не се суши кога ќе се обработи термички.

5. Папалини – Гириците или сарделите се вид риба што има толку протеини што може да му парира на кое било месо. Од друга страна, нејзините калориски вредности се ниски. Богата е со витамини и минерали кои му се потребни на човекот за да функционира нормално.

6. Скуша – Оваа риба е совршена за секоја диета, бидејќи содржи малку калории, а многу витамини и минерали неопходни за човечкиот организам.

7. Пастрмка – Ако само еднаш неделно јадете пастрмка, можете да го снижите холестеролот, да ги зајакнете крвните садови и нервите и да одбегнете проблеми со помнењето во староста.

8. Сардина – Оваа мала риба добро се апсорбира во човечкиот организам и е одличен извор на протеини. Сардината содржи цел комплекс на витамини (А, Б12, Б6, Д) и рибино масло што го снижува холестеролот.

9. Туна – оваа риба е полна со омега-3 и омега-6 масни киселини, што ја сместува меѓу најкорисните риби.

Никогаш не штедете на квалитетот на рибата. Ако сакате да се израдувате себеси и вашето семејство со оброк од риба, одберете паметно, бидејќи не е секоја риба здрава. Има и такви што масовно се произведуваат и што се полни со отровна жива.

Преполни се со витамини, а содржат малку калории: 5 најздрави видови риба со ниско ниво на масти!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.