Преполни се со витамини, а содржат малку калории: 5 најздрави видови риба со ниско ниво на масти!

Внесете ја оваа риба во вашето мени

Рибата се смета за еден од најздравите видови храна, бидејќи богата е со протеини, здрави масни киселини, јод, фосфор и витамин Б

И покрај сите здравствени придобивки што му ги даваат на телото, некои видови риба содржат многу маснотии, поради што не можат секогаш да се вклопат дневниот внес на калории. Ви откриваме кои се петте најкорисни видови немасна риба што треба да ја додадете во вашата исхрана…

Бакалар

Бакаларот е богат извор на комплетни протеини, многу макро и микроелементи. Истовремено, содржи малку калории (90 калории по порција) и практично не содржи маснотии. Печениот и варениот бакалар на пареа е одличен за диетална вечера, особено ако додадете зеленчук.

Пастрмка

Пастрмката е богата со витамини А, Б12 и Д, како и со комплетни протеини и омега-3 масни киселини. Омега-3 киселините се неопходни за зајакнување на ѕидовите на крвните садови, за регулација на нивоата на холестерол во крвта и за спречување кардиоваскуларни болести.

Туна

Туната се смета за една од најздравите видови риби. Сто грама туна содржи рекордни 22 г протеини, половина од препорачаната дневна доза на витамин Д и целосно ја покрива телесната потреба за најважниот елемент во траги – селен. Туната може да се купи свежа или конзервирана (важно е да биде во сопствениот сок, а не во масло). Можете да ја додадете во салати и во сендвичи.

Сардини

Сардините се богат извор на витамин Б12, кој му е потребен телото за производство на црвени крвни зрнца, за регулација на нервните функции и синтеза на нуклеинските киселини. Покрај тоа, редовното консумирање сардини може да го намали лошиот холестерол и да ги спречи кардиоваскуларните болести.

Тилапија

Тилапија е складиште на витамини и минерали: содржи витамини Б, Е, К, соли на фосфорна киселина, корисни масни киселини, магнезиум, селен, цинк и железо. Покрај тоа, 100 г тилапија содржат половина од дневната вредност на комплетни протеини, додека содржината на калории во рибата е релативно ниска.

Ги подобрува помнењето и концентрацијата, а не содржи холестерол: Која риба е најздрава?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.