Неопходен е за нормално функционирање на организмот: Сите го забораваме, а најмногу го има во овие 5 намирници

Дознајте повеќе

Од постојаното спомнување на витаминот Ц како неопходен дел од исхраната, често се занемарува витаминот Д

Витаминот Д се апсорбира од сончевата светлина, што не е препорачливо во долги интервали, така што мора да се најдат и други начини. Еден од нив е исхраната, односно намирниците богати со овој витамин.

Доколку се прашувате кои намирници содржат најмногу витамин Д, ви откриваме во продолжение…

Туна од конзерва

Туната од конзерва го содржи овој витамин, а како што е веќе познато, може да се комбинира со тестенини, да се јаде со зеленчук како салата или да биде дел од некои интересни главни јадења.

Јајца

Не треба да се претерува со консумирање јајца поради холестеролот, но нивното умерено користење во исхраната со себе носи разни придобивки. Некои луѓе ги јадат само белките, но така ја пропуштаат можност да внесат цинк, селен и витамин Д кои не се содржат во белката. Имајте го ова на ум нареден пат кога ќе приготвувате омлет.

Сардини

Уште една риба од конзерва која не е толку скапа, а многу е здрава. Сардините се богати со протеини, омега-3 масни киселини, калциум и витамин Д. И тие можат да се комбинираат со разни јадења, а можат да бидат и одлична состојка во рибен гулаш.

Печурки

Интересно е тоа што не се сите печурки богати со витамин Д, туку само оние што се третирани со висока доза на УВ-светлина. Секако, нема да погрешите ако во својата исхрана вклучите некој вид печурки, но проверете ја етикетата за да дознаете кој вид е побогат со овој витамин.

Црвен лосос

Уште еден вид риба кој иако не е толку поволен како туната и сардините, со себе носи бројни здравствени придобивки. Покрај витамин Д, содржи и здрави протеини и омега-3 масни киселини, што значи дека консумирањето на оваа риба позитивно влијае врз имунолошкиот, ендокриниот, белодробниот и кардиоваскуларниот систем. Консумирајте го барем повремено, поради сите придобивки.

Дали витаминот Д помага во заштитата од коронавирусот?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.