Дали витаминот Д помага во заштитата од коронавирусот?

Заштитете се!

Сè уште нема вакцина и конкретен лек одобрени од Управата за храна и лекови на САД (ФДА) за спречување или лекување на коронавирусот.

Ова, сепак, не ги спречи научниците од понатамошно истражување, но исто така се зголеми и интересот за методите на нетестиран третман. Еден популарен, контроверзен додаток кој особено го привлекува вниманието на јавноста е витаминот Д.

Некои научници велат дека иако витаминот Д игра важна улога во имунолошката функција, тоа нема да влијае многу на тоа како вашето тело реагира на Ковид-19. Сепак, прелиминарните студии претставуваат можна врска помеѓу недостаток на витамин Д и влошени исходи кај пациенти заразени со коронавирус.

Експертите тврдат дека иако витаминот Д игра важна улога во реакцијата на организмот на коронавирусот, на крај ниту една студија не може да докаже дека тој навистина помага.

Кога се бори против инфекција, имунолошкиот систем на некои луѓе реагира опасно. Ова понекогаш предизвикува фатална физиолошка појава наречена „цитокинска бура“. Истражувачите сугерираат дека „цитокините бури“ може да бидат поврзани со недостаток на витамин Д.

После анализирање на податоците на пациентите заразени со коронавирус собрани од 10 земји, тим научници откриле инверзна поврзаност помеѓу нивото на витамин Д и сериозноста на инфекција со Ковид-19 и смртност.

Научникот Вадим Бакман од Северозападниот универзитет спровел истражување кое покажало дека недостаток на витамин Д може да објасни некои од мистериите околу Ковид-19.

„Нашата анализа покажува дека витаминот Д може да го намали ризикот од смртност за 50 проценти. Ова нема да го спречи пациентот да се зарази со вирусот, но може да ги намали компликациите и да спречи смрт кај заразените“, вели Бакман.

Луѓето добиваат витамин Д од повеќе извори, но најчесто кога се изложени на сончева светлина. Исто така, добиваме мали количини на витамин Д од одредена храна, како што се млечни производи, житарки и риба.

Прочитајте и: Витамини за добар имунитет во борбата со вирусите

 

ФОТО: Getty Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.