Неаполски котлети: Свинското месо е највкусно кога ќе се приготви на италијански начин!

Најдоброто од италијанската кујна

Ручек за цело семејство

Состојки:
  • 4 свински котлети
  • 175 г шампињони
  • 2 домати
  • 200 г талјатели
  • 4-5 листови свеж босилек
  • 1 јаболко
  • 1 главица кромид
  • 100 г путер
  • 150 г сирење маскарпоне
  • 1 лажица сусам
  • масло
  • сол
  • мелен црн бибер
Приготвување:

Засечете ги котлетите на неколку места, посолете ги и забиберите ги. Доматот исечете го на кругови. Главицата кромид исечете ја на кругови, а потоа одвојте ја на прстени. Јаболкото излупете го и исечете го на резанки.

Премачкајте грил-тава со путер, па испржете ги резанките јаболко и прстените кромид. Во тенџере со зовриена вода сипете малку масло, посолете и ставете ги талјателите да се варат.

Извадете ги од тавче пропржениот кромид и јаболко. Потоа, ставете ги круговите домат да се пржат. Кога ќе се пропржат, извадете ги од тавчето. Во грил-тавата додајте го преостанатиот путер и сипете малку масло. На загреаното масло, ставете ги котлетите да се пржат.

Сварените талјатели исцедете ги и прелејте ги со ладна вода. Во тенџерето каде што се вареле талјателите, ставете маскарпоне па ставете го на шпорет и мешајте со лажица.

Испржените котлети извадете ги од грил-тавата и ставете ги шампињоните да се пржат. Кога маскарпонето ќе се растопи, додајте ги исцедените талјатели и промешајте. Кога тестенините ќе го впијат вкусот на сирењето, тргнете го тенџерето од шпорет. Во грил-тавата со испржените шампињони додајте сусам и промешајте.

Дното од кемарички сад за печење покријте го со тестенини. На нив наредете ги резанките јаболка и круговите кромид. Потоа, наредете ги круговите домат, па одозгора котлетите. На котлетите сипете ги шампињоните со сусам. Скинете листови босилек и додајте ги во садот. Печете 10 минути во рерна загреана на 180 степени.

Сервирајте по желба и послужете со квалитетно вино.

Овие 6 јадења се највкусни кога ги приготвувате на путер: Но постојат и оброци што путерот ќе ги уништи!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.