Сте сонувале вода? Ако е матна, длабока или топла – тоа не е добар знак!

Дознајте на што ве предупредува овој сон

Сонот со вода е еден од најчестите човечки соништа, а еве какво значење може да има

Сте сонувале ладна вода

Ако сонувате ладна вода, тоа симболизира радост. Можно е наредниот период да ви се случат убави работи, поради кои ќе бидете среќни. Ќе ги решите проблемите од кои долго време ве болело глава, па конечно ќе можете да се опуштите и да уживате.

Сте сонувале топла вода

Доколку сонувате топла вода, тоа предупредува на болест. Можно е да не се чувствувате добро и да морате да се придржувате до лекарски упатства. Нема да смеете да ја прескокнувате терапијата и да се заморувате, што многу тешко ќе ви падне.

Сте сонувале дека некому сте му дале вода

Кога во сон некому ќе му дадете вода, тоа значи дека сте лојални. Вие сте личност која би направила сѐ за своите пријатели и никому не му дозволувате во ваше присуство да зборува лошо за нив. Свесни сте дека тие имаат и недостатоци, но секогаш ги браните кога некој ги критикува.

Сте сонувале матна вода

Ако во сон видите матна вода, тоа означува сериозни проблеми и животни тешккотии. Веројатно веќе подолго време планирате да направите нешто, но постојано наидувате на препреки кои ве враќаат на почеток. Имате чувство дека никогаш нема да го завршите тоа, поради што дополнително се нервирате.

Сте сонувале бистра вода

Доколку во сон видите бистра вода, тоа значи дека ќе остварите мала добивка. Можно е да учествувате во некој квиз или да играте лото, да се обложувате и слично. Ќе имате почетничка среќа, бидејќи никогаш претходно не сте се занимавале со тоа.

Сте сонувале длабока вода

Кога во сон ќе видите длабока вода, тоа предупредува на опасност. Можно е некој да се обиде вас или блиска личност да ве ограби или повреди. Ќе доживеете трауматично искуство, по кое ќе бидете повнимателни и недоверливи.

Сте сонувале дека одите низ вода

Ако во сон одите низ вода, тоа укажува дека никој не може да ве сопре. Вие сте непоколебливи и кога ќе дадете збор, ќе направите сѐ за да го исполните. Таа особина ја цените и кај другите луѓе, а се обидувате да ги одбегнувате оние што лесно се премислуваат.

Сте сонувале дека одите по водена површина

Доколку во сон одите по водена површина, тоа имплицира дека не се плашите од ништо. Совеста ви е чиста и можете секого да го погледнете в очи. Искрени сте и се придржувате до она што го зборувате, па никој не може да ве обвини дека сте лицемер.

Сте сонувале дека тече вода од цевки

Кога во сон водата тече од цевки, тоа означува бурен емотивен живот. Веројатно имате многу додворувачи, па не знаете кого да го одберете. Се плашите да не погрешите, па може да се случи уште некое време да бидете сами.

Сте сонувале вода во вид на езеро или море

Тоа означува дека ќе надминете некој голем проблем за вас, иако тој на другите им се чини ситен.

Значењето на сонот може да биде и поедноставено. Имено, доколку пред кратко време сте виделе ладна, топла, длабока, матна или бистра вода, тоа сигурно оставило впечаток на вас, па сте го испроцесирале во сон.

Дали имате чудни соништа? Постојат неколку причини зошто, но исто така и начини како да ги контролирате вашите соништа
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.