Не е доцна! Дотерајте ја линијата за 30 дена

Не, ова не е една од брзопотезните диети по кои килограмите се враќаат во поголем број

Всушност, станува збор за диета чии правила ги одредувате токму вие.

Ви нудиме совети како да уживате во омилените вкусови, а за еден месец да бидете полесни за дури 3 килограми! Кога ќе ја прифатите идејата за умереност, ни храната, а ни костимот за капење нема да ви бидат непријатели. За да загубите 3 килограми за 30 дена, потребно е да „исечете“ 22.500 калории, што значи дека секој ден треба да намалувате по 750 калории во исхраната.

Заборавете на диета

Можеби 750 калории на ден ви изгледаат многу, сепак преостанатите 1.300-1.500 калории можете да ги искористите многу паметно. Тоа не значи дека треба да воведувате рестриктивни мерки во менито, туку да бидете покреативни и поумерени. Затоа што знаете што се случува ако почнете да гладувате, нели? Освен што е погубно за вашето здравје, не е добро ни за вашата психа – ќе бидете понервозни и незадоволни, а на телото ќе му наметнете режим што не му одговара. Добра вест е што нутриционистите се согласуваат дека на луѓето не треба долгорочно да им се исфрлуваат намирници од исхраната, а многумина од оние што сакаат да ослабат дури и го збогатуваат менито со нови намирници. Постојат хранливи состојки што ни овозможуваат во телото да го внесеме потребното и да го исфрлиме непотребното. Значи, поентата е во разновидноста и во умереноста.

Фото: Getty Images

Како да заштедите 750 калории на ден

Следете го правилото на 100 грама! Вообичаено, на продуктите се истакнати калориите во 100 г, па ограничете се на ова количество. Така нема да се оптоварувате дали сте внеле некоја калорија плус. Размислувајќи за големината на порцијата, заштедувате од 100 до 200 калории на дневно ниво.

Јадете тестенини затоа што нè прават среќни! Да, тестенините ги бие глас дека имаат висока енергетска вредност, но бројот на калории го одредува она што го ставаме во нив, па затоа внимавајте на сосовите. Самите тестенини со лесен прелив немаат многу калории, а освен што содржат влакна (се подразбира дек треба да се одлучите за интегрална верзија!), ни помагаат и во лачење серотонин, хормон на среќата. На пример, тестенини со месо, а не со растопен кашкавал, ќе придонесат да внесете 150 калории помалку во вашиот организам.

Разговарајте за време на оброкот! Дали знаевте дека мозокот испраќа сигнал дека телото е сито дури 20 минути по почетокот на оброкот? Џвакајте ги залаците добро, затоа што ако јадете брзо тие 20 минути, веројатно ќе се прејадете.

Јадете слатко! Без разлика дали се движите или не, мозокот постојано согорува шеќери, затоа што тие се негово главно гориво. Затоа, не е грев ако за време на диетата се напиете 1 чаша од вашиот омилен газиран пијалак.

РАСПОРЕДЕТЕ ГИ КАЛОРИИТЕ

Појадок

300

400 kcal

Ужина

100

200 kcal

Ручек

700

1.000 kcal

Ужина

100

200 kcal

Вечера

300

500 kcal

Текст: Н. Човиновска

Фото: Guliver/Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.