Македонците го обожаваат овој производ, а не се ни свесни колку е корисен: Само 50 г дневно ги исфрлаат токсините и го лекуваат црниот дроб!

Тврдење на нутриционист

Без здрав црн дроб, нема ни добро здравје на целиот организам. Токму затоа, многу е важно да се штити овој орган

За да го спречите таложењето маснотии во клетките на црниот дроб, треба редовно да јадете еден производ што сите во нашата држава го сакаат. Станува збор за сирење, и тоа младо!

Не е само алкохолот штетен за овој орган. Многуте нездрави навики на кои се склони повеќето од нас можат да доведат до насобирање маснотии во клетките на црниот дроб. За да се спречи и намали таложењето масти, доволно е да го вклучите свежото сирење во исхраната, тврдат нутриционистите.

Според нив, аминокиселината метионин, што се содржи во овој производ, го ослободува црниот дроб од вишокот масти.

Домашното, првенствено, младото сирење, ја има една од најдобрите комбинации на нутриенти, вклучувајќи го и метионинот. Оваа аминокиселина многу добро влијае врз црниот дроб и помага за речиси сите заболувања на овој орган.

„Сметаме дека токму метионинот помага да се намали количината на масти во црниот дроб. Научно докажано е дека свежото сирење го подобрува метаболизмот на клетките на црниот дроб“, објаснуваат нутриционистите.

За да се постигне лековит ефект, потребно е да се јаде најмалку 50 г младо сирење дневно.

„Минималната количина на свежо сирење што човек со просечна тежина треба да ја вклучи во менито е 50 г дневно. За мажите, оваа бројка е малку поголема, со самото тоа што се покрупни. Сирењето може да се користи во секој оброк, но постои разлика во порциите. За појадок, доволни се 50 г, а ако го внесувате за ручек, тогаш, 100 г се доволни, а истата количина можете да ја изедете за вечера“, советуваат нутриционистите.

Експертите ги разоткриваат измамниците: Никогаш не купувајте вакво месо и сирење – тоа е отров!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.