Мафини со тиквички од готови кори: Одлични за појадок, но и за ручек!

Вкусно!

Ви предлагаме уште еден брз рецепт – уживајте

Состојки:
  • 1 помала тиквичка
  • 2 јајца
  • 180 мл кисела павлака
  • 100 г сирење
  • 100 мл млеко
  • 50 мл масло
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 250 г кори за пита
  • 3 лажици гриз
  • сусам за посипување, по вкус
Приготвување:

Во сад ставете јајца, павлака, млеко, масло, гриз, сирење и прашок за печиво и добро промешајте. Потоа, додајте ги ренданите и добро исцедени тиквички и сето тоа измешајте го. Корите исечете ги на ленти.

Добиените ленти растресете ги со раце, додајте ги во смесата од јајца и сирење, па сето тоа промешајте го. Сипете ја смесата во 12 кошнички, посипете ја со сусам и печете ја на 180 степени околу половина час.

Неодоливи и меки како душа: Пригответе ги овие мафини со тиквички
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.