Ловоровиот лист го релаксира умот, го забавува стареењето и го чисти телото

Ловоровиот лист е моќно растение и штета е да се користи само како додаток на оброците. Експертите велат дека тоа е растение кое го забавува стареењето, го подобрува расположението, го чисти организмот, решава респираторни проблеми …

Само запалете неколку ловорови лисја и уживајте во нивниот опоен мирис кој ќе ги опушти сите сетила. Комбинацијата на хемикалии во ловоровиот лист делува смирувачки на телото и психата.

Исфрла слуз од белите дробови

Ловоровиот лист е стимуланс на респираторниот тракт и може да помогне во исфрлањето на слузта од белите дробови. Најдобар начин е да ставите свежи или суви лисја во топла вода и да ја вдишите пареата – инхалирате. Исто така, помага да се подмачкуваат градите со ловорово масло. Лечи алергии и астма.

Помага при дијабетес

Истражувањата покажаа дека конзумирањето на 3 грама ловоров лист на ден го намалува нивото на глукоза кај луѓето со дијабетес тип 2.

Добро е за варење

Ставете го што е можно повеќе во храната или масирајте го стомакот со ловорово масло по оброкот, ова ќе помогне во излачувањето на дигестивните сокови и побрзата обработка на храната во стомакот.

За правилно функционирање на срцето

Органското соединение кое се наоѓа во ловоровиот ги зајакнува sидовите на капиларите во срцето и помага да се елиминира лошиот холестерол од телото.

Лечи воспаление на зглобовите

Масирајте ја болната област со ловорово масло и зголемете ја количината на ловорови лисја што ќе ја додадете во храната.

Кај инфекции на уринарниот тракт

Измешајте ловоров прав со млеко и пијте. Ова е стар рецепт за решавање на овие проблеми.

Прочитајте и: Неправедно занемарен, а исклучително важен за здравјето: Организмот не може нормално да функционира без овој витамин!

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.