Кејт Мидлтон секое утро јаде ист појадок: Поради тоа е секогаш вита, здрава и полна со енергија

Исхрана

Тие кои ја познаваат Кејт Мидлтон велат дека секое утро го почнува со ист појадок, а тоа е овесна каша со овошје.

Изгледот на Кејт Мидлтон интригира многумина токму поради тоа што принцезата од Велс е секогаш вита, затегната и здрава.

Личностите блиски до неа откриле кои се нејзините навики во исхраната.

Имено, Кејт Мидлтон со години секое утро јаде ист појадок, а тоа е овесна каша, која е богата со протеини, јаглехидрати и растителни влакна.

По овесната каша, Кејт најчесто пие шејк од кељ, спанаќ и спирулина. Повремено, во текот на денот, принцезата јаде по малку овесна каша за да го одржи нивото на енергија.

Кејт за ужина јаде рака бобици, свежо овошје и зеленчук, а всушност оваа навика придонесува за неверојатното здравје на нејзината бујна коса.

За ручек често јаде леќа, но и ќебапи од зеленчук.

Меѓутоа, сето ова не би било доволно за фит-изгледот на принцезата од Велс доколку таа не се занимаваше со спорт. Познато е дека Кејт е исклучителен атлетичар, обожава џогирање, јавање, возење велосипед и други спортови.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.