Лепа Брена веќе 17 години се бори со сериозна болест, а сега се сомнева дека ѝ се вратила: Боба вели дека не би можел да поднесе да ја изгуби!

Животот на познатите

Фото: Рајко Ристиќ

Лепа Брена напорно работи и има многу настапи, па затоа сега трпи нејзиното здравје.

Лепа Брена веќе 17 години се бори со тромбоза, која многу добро ја држеше под контрола. Ова лето одржа голем број на концерти, а од неодамна го промовира и својот бренд за чорапи. Меѓутоа, сега една од најголемите музички ѕвезди на Балканот се сомнева дека болеста ѝ се вратила.

Брена е позната и како некој кој води сметка за здравјето и за исхраната, па на 61 година има совршено вита линија и изгледа помладо од годините што ги има. Сепак, изминатите години се соочуваше со сериозни здравствени проблеми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

Боба многу се вознемири кога Брена му кажа дека се сомнева за враќањето на тромбозата. Веднаш се јави кај докторот кој ја оперираше и закажа нов преглед. На Брена ѝ рече дека не смее да чека ниту еден ден и што побрзо да оди на контрола, бидејќи не би можел да поднесе да ја изгуби, раскажува извор близок до семејството, а пренесува српскиот „Папарацо“.

Сите се свесни дека тромбозата е многу непредвидлива болест, затоа е неопходно да се биде внимателен.

Свесен е тој дека тромбозата е сериозна болест и дека досега успеала да ја држи под контрола, но исто и дека е непредвидлива болест. Во секунда може да се направи нов тормб и да предизвика хаос. И синот Виктор многу се испаши за неа, заклучи изворот.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.