Како се хранел Исус Христос додека живеел на Земјата: Во Библијата јасно стои планот за исхрана на божјиот син

Интересно

Библијата ни има дадено добар увид во тоа како се хранел Исус Христос додека бил на земјата

Библијата ни дава детален извештај за тоа како се хранел Исус Христос додека бил меѓу луѓето.

Читајќи ја Библијата, јасно можеме да прочитаме дека во тој период се јаделе намирници како:

  • леб
  • риба
  • маслинки
  • смокви
  • урми
  • грозје
  • ореви
  • јагнешко месо
  • сирење

Важно е да се напомене дека постојат разлики меѓу еврејските и христијанските закони за исхраната, па така според еврејските закони месото и млечните производи мора да се служат одвоено, додека ова ограничување не постои кај христијаните.

Покрај тоа, во јудаизмот не се јадело свинско месо, бидејќи се сметало за нечисто.

Анализирајќи ја исхраната на Исус Христос од денешна перспектива, можеме да заклучиме дека таа е најблиска до медитеранската исхрана. Акцентот е на свежото овошје и зеленчук, интегралните житарки, мешунките, јаткастите плодови, маслиновото масло, рибата и морските плодови.

За оние што и денес сакаат да се придржуваат до исхраната на Исус Христос, постојат практични чекори што може да се применуваат:

  • јадете претежно растителна храна, како што се овошјето и зеленчукот
  • ограничете ја количината на месото
  • користете маслиново масло
  • грицкајте семиња и јаткасти плодови како ужина
  • пијте многу вода во текот на денот
  • внесувајте помалку шеќер

Во древниот медитерански свет, многу често се јаделе урми и смокви, а јаткастите плодови биле составен дел од исхраната. Почесто се јадело риба отколку јагнешко, а и тоа се јадело поретко за разлика од зеленчукот што се јадел свеж, без термичка обработка.

Житарките, како пченица, јачмен, овес и просо, давале енергија и често се правеле во вид на леб.

И не заборавајте на една важна работа – умереноста, за која Исус Христос секогаш се залагал. Бидете умерени во сѐ, а тука спаѓа и храната. Држете се до ова познато правило и секогаш престанувајте со јадење во оној момент кога ќе почувствувате дека вашиот желудник е 80 отсто полн.

Како навистина изгледал Исус Христос? Со векови го претставувале погрешно – новата теорија побива сè што сме знаеле досега!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.