Идеална храна за мозокот: Намирници кои можат да ја подобрат функцијата и концентрацијата

Храна

Одредена храна содржи хранливи материи кои можат да ги стимулираат и зајакнат когнитивните функции како што се меморијата и концентрацијата.

Научниците издвоија 5 намирници кои ги сметаат за идеална „храна“ за мозокот:

Ореви

Оревите и јаткастите плодови содржат здрави масти. Монозаситените масни киселини можат позитивно да влијаат на меморијата. Но, не треба да претерувате со внесувањето на овие намирници. Препорачаната дневна доза е 13 грама. Треба да имате на ум дека јаткастите плодови се калорични.

Темно чоколадо

Чоколадото со висок процент на какао го подобрува протокот на крв во мозокот, го намалува нивото на стрес и се препорачува за луѓе со анксиозност. Едно истражување покажа дека луѓето кои јаделе чоколадо барем еднаш неделно имале подобри резултати на когнитивните тестови од оние кои ретко уживале во тоа. Во студијата објавена во списанието „Апетит“ учествувале 968 луѓе на возраст од 23 до 98 години. Научниците веруваат дека редовното консумирање на какао флаванол може да биде еден од неколкуте фактори кои ги објаснуваат когнитивните придобивки од чоколадото.

Лосос

Лососот содржи висок процент на добри масти, што го прави одличен извор на витамин Д. Една порција лосос ќе ви обезбеди околу 80% од дневната препорачана количина на витамин Д. Одличен извор на витамин Д, омега-3 и други масни киселини, лососот помага во намалување на крвниот притисок и го поддржува здравјето на срцето. Истражувањата ги покажаа придобивките од омега-3 масните киселини во справувањето со анксиозноста, депресијата и потенцијалното помагање за подобрување на менталното здравје на средовечните жени.

Боровинка

Боровинката ги зајакнува коските, го подобрува видот, ја одржува концентрацијата, го зајакнува мозокот. Ја регенерира кожата и го намалува покачениот шеќер во крвта. Боровинката е еден од најголемите природни антиоксиданси и содржи голема количина на витамини, минерали и олигоелементи. Како овошје богато со антиоксиданси, боровницата го забавува стареењето на целото тело, па без претерување можеме да ја наречеме еликсир на здравјето и младоста.

Брокула

Зеленчук кој се карактеризира со ниски калории и масти. Содржи витамин К, кој е исклучително важен за когнитивните способности. Покрај тоа, содржи и холин, натриум и фолна киселина, кои позитивно влијаат на процесот на меморија. Покрај позитивното влијание на мозочниот систем, има сјаен ефект и на кардиоваскуларниот, имунолошкиот и дигестивниот систем.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.