Подобро од кафе: Овој пијалак ќе ви даде енергија за цел ден!

Рецепт

Имаме многу подобра опција од кафето, нешто што ќе се освести телото и ќе го подготви за сите предизвици во текот на денот. Овој пијалак е за вас!

Сите знаеме дека кафето на празен стомак не е идеален избор за добро утро. Нивото на хормонот кортизол, попознат како хормон на стрес, највисок е наутро кога се будиме, а најниско навечер кога се подготвуваме за спиење.

„Пиењето кафе рано наутро, кога нивото на кортизол е највисоко, ги нарушува хормоните во телото и го нарушува деноноќниот ритам. Кортизолот лошо влијае на овулацијата, хормоналната рамнотежа и тежината“, објаснува нутриционистот и доктор Карлин Розенблум за порталот “PureWow”.

Наместо кафе, многу подобра опција е смути кое е богато со витамини, минерали и влакна. Нешто што ќе ве разбуди и ќе ви обезбеди доволно енергија и концентрација.

Состојки:

  • чаша свеж спанаќ
  • 1 шолја разладен зелен чај
  • 1 банана
  • исцедени два помали портокали
  • опционално: мед и цимет

Подготовка:

Сите наведени состојки измешајте ги во блендер. Ако смесата е премногу густа за вашиот вкус, додадете малку вода.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.