Храна што никогаш не треба да се става во микробранова печка

Иако микробрановата печка е најбрзиот начин за загревање на храната, таа не е најдобра, особено за одредени намирници кои секој од нас ги консумира скоро секој ден …

Повеќето луѓе во отсуство на време посегнуваат по најбрзата варијанта на загревање храна – во микробранова печка, сепак, ова не е секогаш најдобрата опција, особено за оваа храна.

Според „The Healthy“, загревањето на варените јајца создава во нив голема количина пареа која нема каде да оди, па лесно може да експлодира – кога ќе ги извадите од микробранова печка. Најдобро би било да не ги загревате, но ако навистина морате, прво излупете ги и исечете ги на помали парчиња. Истото важи и за овошјето како јаболка, грозје, праска … Тие не ослободуваат вишок влага при готвењето што може да предизвика нивно експлодирање. Пред загревање, исечете ги на парчиња или дупчете мали дупки со чепкалка за заби. Месните производи содржат многу конзерванси за да го задржат нивниот рок на траење што е можно подолго, а кога ќе ги загреете, овие конзерванси стануваат уште поштетни за организмот – можат да ја стимулираат оксидацијата на холестеролот, вели еднa од многуте студии на оваа тема.

Британската агенција за храна, ФСА, вели дека загревањето на оризот во микробранова печка може дури да доведе до труење со храна, бидејќи суровиот ориз содржи бактерии кои можат да преживеат брзо готвење во микробранова печка. Откако ќе се извадат и остават да се изладат на собна температура, бактериите се размножуваат. Лисниот зеленчук како спанаќот исто така треба да се чува подалеку од микробранова печка бидејќи содржи висока концентрација на нитрат, и иако сам по себе е безопасен, кога се загрева се претвора во штетни канцерогени материи.

Прочитајте и: Дали консумацијата на кафе и чај се смета за внесување вода?

 

ФОТО: Pexels

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.