Двејн Џонсон вака се храни за да остане во форма

Неверојатен режим на исхрана

Познат е по тоа што секоја недела има еден ден кога „мами“ со храната и тогаш се опушта со палачинки, пица и бургери. Вообичаено има мошне строга диета што се состои од 6 до 7 оброци дневно.

Двејн Џонсон или The Rock кариерата ја започна како професионален борач, односно кечер, а првата посериозна филмска улога ја доби во второто продолжение на „Мумија“, во кое ја толкуваше улогата на кралот на Скорпиите.

Денес, тој е актер кој е препознатлив во крупната градба и мускулестото тело, а на социјалните мрежи редовно споделува видеа од неговите вежби и начинот на исхрана. Инаку, висок 1.96 м, а тежок 118 килограми.

Според написот во Muscle and Fitnes, актерот со години јадел околу 1,5 кг  бакалар на ден за да ги изгради мускулите.

Дневно имал по шест до седум оброци со бакалар и големи порции од најразлични додатоци богати со скроб, како благ компир (350 грама), бел ориз (400 грама) и овес (400 грама).

Со секој оброк земал околу 200 грама зеленчук и разни додатоци, како протеинска напивка, омлет од 10 јајца или лажица со рибино масло богато со омега-3 масни киселини.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by therock (@therock)

Во 2016-та година, месото од бакалар го замени со телешко, пилешко и месо од бизон, а во неодамнешно интервју за Delish, актерот потврди дека неодамна бакаларот во целост го заменил со лосос, а дека со години наназад внесувал помеѓу 6.000 до 8.000 калории дневно.

Тој појаснува дека сè уште има по 6 до 7 оброци дневно и дека во основа се придржува до храната што отсекогаш ја консумирал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by therock (@therock)

Секое утро денот го започнува со порција каша од овес или од ориз, заедно со месо од бафало и јајца.

Вториот појадок го зема по вежбање и тој најчесто се состои од порција ориз и пилешко.

Третиот оброк или ручекот повторно се состои од порција ориз, заедно со пилешко месо или со месо од бафало и секако зеленчук.

Во текот на денот, The Rock има уште два до три идентични оброци, а пред да оди на спиење зема протеински пијалак, јаглехидрати и зеленчук.

Освен што консумира големи количества храна, потребни му се и големи количества вода.

Па така, Men’s Health пишува дека тој дневно пие околу 9,5 до 11 литри вода. Актерот не пие кафе, но затоа редовно го консумира неговиот енергетски пијалак Zoa.

Двејн Џонсон е познат и по тоа што еднаш неделно си дозволува да има денови кога може да „мами“ со храната. Пржени компирчиња, чизбургери, чаша текила, палачинки, пица, сладолед.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by therock (@therock)

Двејн редовно споделува фотографии од неговите омилени оброци во деновите кога не се придржува до ригорозната диета.

Фото: Instagram, Getty Images

Видео: Youtube

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.