Д-р Ирина Арсовска Бежоска: Атопискиот дерматитис често се доведува во корелација со алергии

Атопичарите може полесно да развијат и други видови алергија

Фото: Getty Images

Кај децата со атописки дерматитис постои и нарушување на клеточниот имунитет, поради што кај нив почесто се јавуваат разни заразни болести (предизвикани од вируси, бактерии и габи), кои имаат потешка клиничка слика и подолго траат, во споредба со децата кои немаат атописка конституција.

Атопија претставува наследна склоност кон поголема продукција на антитела и бурно реагирање на вообичаени стимуланси од надворешната средина.

Луѓето со атописка конституција имаат поголем ризик во текот на животот да развијат некоја алергиска болест.

Кај атопичарите полесно доаѓа до развој на I и IV тип на хиперсензитивност, така што и покрај манифестација на атопија може полесно да развијат и други видови алергија.

НАЈЧЕСТИ АЛЕРГИСКИ РЕАКЦИИ КАЈ АТОПИЧАРИ:

Алергиски реакции на храна

Анафилакса

Алергиски контактен дерматитис

Други видови алергии

Атопискиот дерматитис е кожно заболување кое се јавува кај предиспонирани лица. Атопичарите имаат поголема склоност кон развој на алергии. Контактот со алергени може да доведе до манифестација на други клинички слики на атопија, како што е поленска кивавица.

Кај децата со атописки дерматитис постои и нарушување на клеточниот имунитет, поради што кај нив почесто се јавуваат разни заразни болести (предизвикани од вируси, бактерии и габи), кои имаат потешка клиничка слика и подолго траат, во споредба со децата кои немаат атописка конституција.

Атопичарите може полесно да развијат и други видови алергија.

МАНИФЕСТАЦИЈА на атопија:

Атописки дерматитис

Алергиски ринитис

Бронхијална астма

Кератоконјуктивитис

Особено од голема важност е негата на кожа склона кон атописки дерматитис, која зависно од контактот со одредени алергени има потреба од континуирана нега и заштита, со цел намалување на сувоста, чешањето и иритацијата.

Препорака на аптеката ДНА АННИ ФАРМ за нега на атопична кожа е линијата ATODERM од медицинската козметика BIODERMA.

Смирувачки емолиентен балсам + хранлива смирувачка прочистувачка дневна хигиена.

Дејствува на биолошките дисфункции на многу сувата, иритирана и атопична кожа.

Го ублажува чешањето и ја намалува честотата на акутна фаза со егземи, благодарение на своите дерматолошки активни состојки.

Ексклузивниот Lipigenium® комплекс, составен од биолипиди кои природно се присутни во епидермисот, овозможува долготрајна обнова на кожната бариера, создавајќи природен заштитен слој после нанесување од балсамот.

Skin Barrier Therapy® патентот ја спречува пролиферацијата на бактеријата S.aureus и навлегувањето на алергени, два вообичаени фактори кои ја влошуваат сувоста на кожата.

Богата текстура, брзо впивлива., наменета за возрасни, деца и бебиња. Не содржи парфем.

Употреба: еднаш или двапати на ден, секојдневно. Може да се користи самостојно или во комбинација со топикални кортикостероиди. Се нанесува на суво и чисто лице и/или тело по измивање со Atoderm маслено средство или Atoderm intensive gel. Не се препорачува кај предвремено родени деца.

Во продолжение, погледнете го видеото во кое д-р Ирина Арсовска Бежоска открива многу повеќе за ова најчесто хронично заболување на кожата, кое настанува поради сложено заемно дејство на надворешни и генетски фактори.

Многу повеќе се третман на низа други кожни болести и состојби можете да дознаете од вашата ONLINE Аптека ДНА Анни Фарм: https://www.annifarm.com.mk/

Следете ги на:

Instagram: https://www.instagram.com/anni.farm

Facebook: https://www.facebook.com/dnaannifarm

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.