Дигестивните проблеми можете да ги решите со овие намирници

Што да јадете за да го подобрите варењето.

За појадок јадете житарици со јогурт, како одличен извор на растителни влакна.

Овошјето и зеленчукот се неопходни во здравата исхрана, а јаболката се особено важни при внесот на влакна.

Најздравите закуски што можете да ги јадете се пуканките (оние што се печат со воздух се најдобрата опција), а покрај тоа што одлично одат со филмот, тие се совршен извор на растителни влакна.

Хумусот е одличен избор за сите хранливи состојки што ви се потребни.

Уште една здрава закуска е суво овошје и јаткасти плодови. Сепак, избегнувајте ги пржените и солените.

Леб и крекери од интегрални житарици се секогаш поздравата верзија и имаат многу растителни влакна.

Покрај житарките, можете да направите овесна каша наутро, за која е познато дека е можеби најздравиот појадок во светот. Освен влакна, таа е полна со витамини.

Наместо да ги лупите, печете ги компирите заедно со кората што има многу растителни влакна.

Еден од најздравите зеленчуци е цвекло. Подгответе го во салата и внесете ги потревните влакна за денот.

Лененото семе може да се додаде во палачинки, леб, овесна каша или пијалаци. Тоа е одлично за варењето.

Прочитајте и: Обновете ја својата сила и имунитет со овие витамини и намирници

 

ФОТО: Unsplash

 

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.